Version 6 (modified by 2 years ago) ( diff ) | ,
---|
PAINT OF HEART
Систем за промоција и резервација на културни настани во Македонија
Започнат: ноември 2022
Предмет: Бази на податоци 2022/2023/Зимски
Под менторство на: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. м-р Ненад Анчев
Краток опис на проектот:
Веб апликација која овозможува приказ на сите настани од областа на уметноста, кои се случуваат во театрите, галериите и изложбите во Македонија, со промоција на уметниците и актерите кои се дел од истите. Целта на апликацијата е да се поттикне интересот на публиката од различни возрасни групи, без разлика на нивно место на живеење. Апликацијата нуди флексибилност со времето и независност од локацијата, бидејќи претставува брз и поедноставен начин на резервирање карти во однос на класичното/физичко купување на карти.
Апликацијата има четири модули на корисници, првиот модул е администратор кој управува со апликацијата, вториот модул се купувачите кои се заинтересирани во настаните и резервирањето на билети, односно публиката, третиот модул претставуваат независните уметници на кои им се нуди помош за промовирање на своите дела и четвртиот модул се организаторите на изложбите во галериите и музеите и драмите во театрите.
При пристап на апликацијата корисникот може слободно да ги разгледува сите понудени настани, а доколку е нов корисник и е заинтересиран за резервирање на билети, тогаш е потребна негова регистрација на системот, инаку потребна е само најава за веќе постоечките корисници. Покрај тоа, корисникот има можност да ги оцени настаните на кои присуствувал и да ги посети профилите на сите артисти кои се дел од претставите или изложбите каде се содржани нивните претходни дела и кратка биографија, а исто така и да добие лојална картичка со која добива попусти на идни настани.
Членови на тимот:
Име и презиме | Индекс |
---|---|
Виктор Николиќ - координатор | 191285 |
Анастасија Цветковска | 181006 |
Фази и координација:
Фаза | Име на фаза | Статус |
---|---|---|
Ф0 | Дефинирање на проектот | Започнато |
Ф1 | Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања | Не е започнато |
Ф2 | Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) | Не е започнато |
Ф3 | Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи | Не е започнато |
Ф4 | Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) | Не е започнато |
Ф5 | Прототип апликација - Основни функционалности | Не е започнато |
Ф6 | Нормализација и подобрувања на дизајнот | Не е започнато |
Ф7 | Напреден апликативен развој | Не е започнато |
Attachments (1)
- logo.png (30.1 KB ) - added by 2 years ago.
Download all attachments as: .zip