wiki:UseCaseRealizations

Version 9 (modified by 191027, 2 years ago) ( diff )

--

UseCaseRealizations

1. Регистриран Паркирач

ID 1
Случај на употреба Регистрација на кориснички профил
  • Се пристапува до почетната страна на апликацијата преку соодветното URL.
  • Се прикажува изгледот кој нуди 3 опции: Најава (како регистриран паркирач), Најава како гостин и Регистрирај се. Се кликнува на Регистрирај се (слика 1.1)
  • Се отвара форма за регистрација (слика 1.2) со текст полиња во кои треба да се внесат соодветните лични податоци на корисникот за да го креира својот профил на нашата апликација, тоа се: име, презиме, телефонски број, емаил адреса и лозинка.
  • Откако ќе се внесат овие податоци се кликнува на копчето регистрирај се.
  • Се испраќа POST барање кое се прифаќа од RegisteredUserController на патеката /registriranParkirac/registration и како @RequestBody се вметнува request-от и се повикува функцијата register од registrationServiceRP која што прима еден аргумент, а тоа е request-от.
  • Во функцијата прво се проверува дали емаилот е валиден, потоа се гради token и се гради мејлот кој треба да се прати на емаил адресата која што корисникот ја навел.
  • Откако ќе се прати мејлот корисникот треба да потврди со кликнување на подвлечениот линкот обоен со сина боја (слика 1.3). Вака се испраќа ново GET барање на патеката /registriranParkirac/registration/confirm со параметар token и се повикува функцијата confirmToken(token) од registrationServiceRP. Во функцијата прво се проверува дали е постоечки токенот, дали веќе постои таа мејл адреса и дали времетрањето на токенот е поминато
  • По поминување на сите овие проверки ќе се постави тој токен со функцијата setConfirmedAtRP(token) од confirmationTokenService и ќе се дозволат привилегиите на регистрираниот паркирач за користење на апликацијата со функцијата enableRegistriranParkirac(confirmationTokenRP.getRegistriranParkirac().getEmail()) од registeredUserService.
  • Корисничкиот профил е успешно креиран и корисникот е редиректиран повторно на почетната страна на апликацијата (слика 1.1) и за да продолжи со користење треба да се најави со емаил адресата и пасвордот од ново креираниот кориснички профил.


ID 2
Случај на употреба Најава на кориснички профил
ID 3
Случај на употреба Пребарување на паркинг место
ID 4
Случај на употреба Паркирање

2. Guest

ID 1
Случај на употреба Пребарување на паркинг место
ID 2
Случај на употреба Паркирање

3. Вработен

ID 1
Случај на употреба Ажурирање на паркинг места со паркинг сесии

4. Administrator

ID 1
Случај на употреба Додавање на нов вработен
  • Првично потребно е администраторот да биде најавен во системот за да може да ги извршува овие привилегии.
  • Откако успешно ќе се најави се кликнува иконата со 2 силуети што се наоѓа лево на странично мени и се прикажува листа на вработени со опција за пребарување, додавање на нов вработен и менување на статус на акаунтот.
  • Се клика на копчето Додади Вработен горе десно(слика 2.1)
  • Се прикажува форма за внес (слика 2.2) со повеќе информации за вработениот, тие се: име, презиме, емаил адреса, телефон, лозинка, потврди лозинка, одговорен за (се избираат зони за кои е одговорен), работен статус на вработениот (работи, не работи, на боледување, на одмор) и состојба на акаунтот (активен/неактивен).
  • По внесување на информациите се кликнува на копчето Создади Вработен доле десно.
  • Вака се праќа POST барање на патеката /vraboten и барањето е пречекано од WorkerController и во барањето е ставено @RequestBody од AddUpdateWorker vraboten кој што е изграден од сите внесени информации од претходната форма.
  • Потоа се повикува функцијата addWorker од workerService и му се предаваат сите атрибути од vraboten објектот.
  • Во функцијата се врши проверка дали веќе постои таков вработен со истиот мејл, доколку не станува збор за тоа се проверуваат сите останати атрибути, се поставува статусот на вработениот, се поставува за кои зони е одговорен и се зачувува во workerRepository со функцијата save што го прима новосоздадениот вработен кој всушност се зачувува и во базата на податоци.
  • Потоа следи редиректирање повторно кон страната со листа на сите вработени (слика 2.3)
  • Доколку сака администраторот да го деактивира акаунтот се кликнува на зеленото копче Активен и ќе стане Неактивен со црвена боја и обратно, соодветно се појавува и нотификација за активноста што била направена од страна на администраторот (слика 2.4)
  • Ова во позадина се одвива на следниот начин: се праќа PUT барање на патеката /vraboten/{vrabotenId} со @PathVariable vrabotenId што го претставува ID на вработениот и ова барање се пречекува исто така од WorkerController и се повикува функцијата lockWorkerAcc(vrabotenId) од сервисниот слој workerService.
  • Во функцијата се прави toggle на статусот како што е наведено горе и пред тоа се прави проверка дали воопшто постои вработен со соодветниот ID.


ID 2
Случај на употреба Едитирање на веќе постоечки вработен
ID 3
Случај на употреба Додавање и ажурирање на паркинг зона

Attachments (39)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.