15 | | За секој избран производ се прикажува преглед со детали за опис на истиот, а тие вклучуваат име на продуктот, цена, категорија на продукт, производител, дали се достапни на залиха, рејтинг, како и коментари кои ги оставиле другите корисници за тој производ. За да може да направи нарачка, да коментира на производ или да остави рејтинг, корисникот треба претходно успешно да се најави во системот. |
| 15 | За секој избран производ се прикажува преглед со детали за опис на истиот, а тие вклучуваат име на производ, цена, категорија на производ, производител, дали се достапни на залиха, рејтинг, како и коментари кои ги оставиле другите корисници за тој производ. За да може да направи нарачка, да коментира на производ или да остави рејтинг, корисникот треба претходно успешно да се најави во системот. |
| 23 | Со оглед дека се работи за нов бизнис, аптеката People's Choice нема продажна локација, односно таа постои единствено онлајн. За таа цел потребна е веб апликација којашто ќе служи како виртуелна аптека во којашто клиентите ќе можат да разгледуваат продукти и доколку сакаат да нарачаат нешто да го сторат тоа преку веб апликацијата. |
| 24 | |
| 25 | Аптеката има еден магацин, а корисниците можат да купат продукти единствено преку правење на нарачка онлајн. Доставата на продукти се врши до домашната адреса на клиентот и таа се доплаќа 100 денари. Плаќањето се врши при доставата. |
| 26 | |
| 27 | Аптеката People's Choice е замислена да постои само онлајн. Доколку People's Choice стане препознатлив бренд, односно бројот на клиенти скалира и бизнис случајот покаже дека е исплатливо да се отвори физичка аптека, тогаш ќе биде отворена аптека на продажна локација. Дотогаш, People's Choice постои само како онлајн аптека. На овој начин се решава проблемот за високи стартни трошоци како што се купување или изнајмување на дуќан/простор за аптеката кога се отпочнува нов бизнис. |
| 28 | |
| 29 | Апликацијата на People's Choice ќе ја користат администратори вработени во аптеката. Од поглед на крајни корисници, таа ќе биде достапна за нарачување на производи до валидни адреси од просторот на Македонија. |
| 30 | |
| 31 | People's Choice има интуитивен интерфејс кој е лесен за навигација и користење. Нарачката се прави на едноставен начин во неколку чекори. Дополнително алатките за филтрирање според цена и пребарување се од голема помош за пронаоѓање на посакуваниот продукт. Освен што корисниците ќе можат да пребаруваат продукти според нивното име, ќе може да пребаруваат и според клучен збор, пример ''главоболка'' по што ќе му биде прикажана листа на лекови за таа намена. Ова е функционалност според која се разликуваме од останатите класични аптеки. Сметаме дека ваквата функционалност додава дополнителна вредност на продуктите за стекнување на довербата кај клиентите. |