Version 3 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
Членови на тимот:
Бисера Пешевска 161029
Краток опис:
Проектот People's Choice е веб апликација за електронска трговија наменета за разгледување и купување на производи од аптека. Корисниците на апликацијата имаат можност да пребаруваат производи според нивното име, да ги разгледаат сите производи кои ги продава аптеката или да ги излистаат производите на аптеката според категоријата во која припаѓаат.
Со избор на производ, корисникот добива детален опис на производот и информација дали производот го има на залиха.
Доколку производот го има на залиха, корисникот може да го додаде во својата кошничка за купување и да продолжи кон следните чекори за нарачка.
Доколку се предомисли, корисникот може да ја промени количината на производ за нарачка или да го избрише производот од кошничката за купување.
Апликацијата овозможува разгледување и купување на производи од аптеката со и без претходна најава со корисничка сметка. Доколку корисникот пазари со претходна најава на системот, може да пристапи до страницата за најавени корисници на аптеката и до страницата со историја на нивните претходни нарачки.
За кого е наменет системот:
Системот е наменет за една компанија аптека која има сопствени производи. Аптеката овозможува купување на производи само онлајн. Корисници можат да прават нарачки од комфорот на својот дом без да одат физички во аптека, односно можат да пазарат брзо и лесно, онлајн, на платформа со интуитивен интерфејс и без премногу чекори за правење на нарачка. Апликацијата е наменета за корисници кои сакаат да пазарат без да се регистрираат со профил, како и за корисници кои сакаат специјални известувања и попусти доколку се регистрирани членови.
Базата со податоци за продуктите, нарачките и регистрирани членови ќе ја поседува платформата на People's Choice аптеката. Специјален вработен во аптеката има привилегии да додава, менува и брише производи и категории во базата.
Проблеми кои сакаме да се решат:
- Брзо и лесно пазарење без физичко присуство
- Интуитивен интерфејс за навигација низ апликацијата
- Нарачка во мал број на чекори
- Достава на домашна адреса на купувачот
Какви видови на корисници ќе има апликацијата?
Апликацијата ќе има два типа на корисници, ненајавени корисници односно гости и најавени корисници. И двата типа на корисници имаат можност да ги разгледуваат производите и да прават нарачки.
Дали се работи за веб, мобилна, и/или десктоп апликација?
Се работи за веб апликација изработена со Spring Boot и Angular.