wiki:UseCaseImplementations

Version 6 (modified by 203043, 2 years ago) ( diff )

--

Имплементација на кориснички сценарија

Нерегистриран корисник - клиент

ID Use case
1 Разгледува достапни мобилни телефони

Регистриран корисник - клиент

ID Use case
1 Зачувува понуда на мобилен телефон како омилена
2 Споредува спецификации на понуди
3 Избира спецификации кои го интересираат

Администратор

ID Use case
1 Прави измена на спецификациите на понуда за даден мобилен телефон
2 Потврдува дека спецификациите на понуда за даден мобилен телефон се точни

Супер администратор

ID Use case
1 Менаџира со доделување привилегии за администратор на даден корисник

Корисничко сценарио "Зачувување понуда на мобилен телефон како омилена"

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309621274_839101720582549_2105622631539965210_n.png
За додавање на понуда како омилена, корисникот тоа го прави со клик на ѕвезда иконата која што при самиот клик повикува функција која што испраќа PUT request до бекенд апликацијата.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309243093_476694071141279_2324107414869588527_n.png
Соодветно, се проследуваат и userId - уникатен идентификатор за секој корисник, како и уникатен id за самата понуда која што корисникот ја зачувал, а во headers се праќа токенот кој служи за автентикација на корисникот.

Од страна на бекенд апликацијата, барањето ќе биде пресретнато од контролер, кој што соодветно користи сервис и ги проследува параметрите до истиот каде што е имплементирана логиката.

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309705609_2022696971454096_3558983615662092618_n.png

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309686301_587231219799428_467304894285591081_n.png

Методот кој што се повикува од сервисот, се користи и за додавање и за бришење на омилени понуди, во зависност од проследениот параметар "option". При додавање, се проследува "add", при бришење "remove". Првично, се прави проверка дали понудата и корисникот постојат во датабазата. Доколку не постојат, ќе се врати статус 400 (bad request). Во спротивно, се зема корисникот и понудата од датабаза, понудата се додава на корисникот и потоа се зачувува повторно корисникот во датабаза.

Корисничко сценарио "Правење измена на спецификациите на дадена понуда за мобилен телефон"

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309428397_2889635214673007_1220188362249930873_n.png
За промена на спецификациите на дадена понуда, администраторот тоа го прави со клик на копчето "Измени", која што при самиот клик повикува функција која што испраќа PUT request, со објект кој што ги содржи нововнесените спецификации до бекенд апликацијата.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309697334_1167998630735232_2933207776030131159_n.png

Од страна на бекенд апликацијата, барањето ќе биде пресретнато од контролер, кој што соодветно користи сервис и ги проследува параметрите до истиот каде што е имплементирана логиката.

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309517702_760663072045451_5991569171177452781_n.png

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309670904_1286668818745338_8481358792109828728_n.png

Во методот кој што се повикува од сервисот, се додаваат уште неколку потребни атрибути кои што треба да ги содржи понудата, а потоа се зачувува истата со нововнесените спецификации.

Корисничко сценарио "Доделување привилегии за администратор на даден корисник"

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309789775_821685935530411_8761998099133168200_n.png
За доделување на пермисии за администратор на даден корисник, супер администраторот тоа го прави со клик на копчињата "Додај админ привилегии" и "Одземи админ привилегии", на кои што при самиот клик се повикуваат функциите "addAdmin" или "removeAdmin", во зависност од тоа кое копче е притиснато. Двете функции испраќаат PUT request до бекенд апликацијата.

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309606209_1357458251451407_5916617440367466916_n.png https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309279236_507298257440142_7400941116772694200_n.png

Соодветно, во headers се праќа токенот кој што ќе служи за автентикација на супер администраторот.

Од страна на бекенд апликацијата, барањата ќе бидат пресретнати од контролер, кој што користи сервис и го проследува id-to до истиот каде што е имплементирана логиката.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309533505_810187033365565_4190797260986921684_n.png

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/309570224_774423317003321_1398257096252353496_n.png

Во зависност од тоа кое барање е пристигнато, се повикува методот за доделување или одземање на админ привилегиите на корисникот. Во методите, се проверува дали корисникот го има во датабаза, и доколку го има се одзема или доделува привилегии за администраотр, а потоа повторно се зачувува во датабаза.

Attachments (13)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.