wiki:Vision

Version 3 (modified by 203043, 2 years ago) ( diff )

--

Визија

1.Вовед


Целта на овој проект е да се направи веб апликација која ќе агрегира, односно ќе содржи мобилни телефони од повеќе поголеми продавници за мобилни уреди во Македонија. На овој начин, корисниците ќе имаат поголема прегледност и полесен пристап, како и поефикасен начин за споредба помеѓу мобилните телефони.

2.Позиционирање

2.1 Дефиниција на проблем

Проблем наНепостоење на систем за агрегирање на мобилните телефони од подобрите продавници на пазарот
Ги засегаСите заинтересирани за купување или преглед на даден мобилен телефон
Со последици какоОграничување во изборот на мобилни телефони
Успешно решение би билоСекој клиент да има пристап до сите понудени мобилни телефони од различни продавници, како и опција за нивна споредба на цени и спецификации

2.2 Позиција на пазарот

ЗаКлиенти
КоиИмаат потреба од споредба или полесен пристап
PhoneluxЕ веб апликација во улога на агрегатор
Кој овозоможуваДетален и широк поглед на достапните мобилни телефони
За разлика одКонкретно една продавница за мобилни телефони која ги нуди само своите достапни производи
Нашиот продуктГи нуди сите достапни производи на пазарот со нивните детални спецификации, и овозможува нивна споредба и филтрирање по истите

3.Опис на засегнатите лица

3.1 Преглед

ИмеОписОдговорности
КлиентКорисник на апликацијатаКористење на апликацијата за преглед на мобилни телефони
Продавници за мобилни телефониДобавувачи на понудите за мобилни телефониРедовно ажурирање на содржината и состојбата на достапни мобилни телефони на своите веб страни
Развивач на апликацијатаЈа развива и одржува апликацијатаРазвивање на апликацијата, како и редовно преземање на содржината од продавниците

3.2 Корисничка околина

Апликацијата може да се користи од различни уреди како мобилен телефон, компјутер и таблет но со пристап до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања. Времетраењето на активностите, како пребарување на специфичен модел или бренд на мобилен телефон, филтрирање и споредба на мобилни телефони е прилично кратко, односно би траело помалку од една минута.

4.Преглед на продуктот

4.1 Потреби и карактеристики

ПотребаПриоритетКарактеристики
ПребарувањеЗадолжителноПребарување на специфичен модел или бренд на мобилен телефон
ФилтрирањеЗадолжителноФилтрирање според модел, бренд, како и според продавницата која го нуди
СпоредбаЗадолжителноСпоредба на два мобилни телефони
ПовеќејазичностПожелноОпција за приказ на содржината на повеќе јазици
Видео рецензија за избраниот мобилен телефонПожелноВидео на детален преглед на мобилниот телефон и неговите спецификации

5.Други барања/потреби

БарањеПриоритет
Електронски уредЗадолжително
Пристап до интернетЗадолжително
Пристап до веб прелистувачЗадолжително
Note: See TracWiki for help on using the wiki.