Визија
1.Вовед
Целта на овој проект е да се направи веб апликација која ќе агрегира, односно ќе содржи мобилни телефони од повеќе поголеми продавници за мобилни уреди во Македонија. На овој начин, корисниците ќе имаат поголема прегледност и полесен пристап, како и поефикасен начин за споредба помеѓу мобилните телефони.
2.Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
Проблем на | Непостоење на систем за агрегирање на мобилните телефони од подобрите продавници на пазарот
|
---|
Ги засега | Сите заинтересирани за купување или преглед на даден мобилен телефон
|
---|
Со последици како | Ограничување во изборот на мобилни телефони
|
---|
Успешно решение би било | Секој клиент да има пристап до сите понудени мобилни телефони од различни продавници, како и опција за нивна споредба на цени и спецификации
|
---|
2.2 Позиција на пазарот
За | Клиенти
|
---|
Кои | Имаат потреба од споредба или полесен пристап
|
---|
Phonelux | Е веб апликација во улога на агрегатор
|
---|
Кој овозоможува | Детален и широк поглед на достапните мобилни телефони
|
---|
За разлика од | Конкретно една продавница за мобилни телефони која ги нуди само своите достапни производи
|
---|
Нашиот продукт | Ги нуди сите достапни производи на пазарот со нивните детални спецификации, и овозможува нивна споредба и филтрирање по истите
|
---|
3.Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
Име | Опис | Одговорности
|
---|
Клиент | Корисник на апликацијата | Користење на апликацијата за преглед на мобилни телефони
|
Продавници за мобилни телефони | Добавувачи на понудите за мобилни телефони | Редовно ажурирање на содржината и состојбата на достапни мобилни телефони на своите веб страни
|
Развивач на апликацијата | Ја развива и одржува апликацијата | Развивање на апликацијата, како и редовно преземање на содржината од продавниците
|
Администратор | Проверка на преземената содржина | Проверка на преземените производи, корекција и дополнување на спецификациите, како и комплетно бришење или замена на истите во случај да се погрешни
|
Супер администратор | Доделување привилегии на останати администратори | Доделување на привилегии за администратор на одреден корисник
|
3.2 Корисничка околина
Апликацијата може да се користи од различни уреди како мобилен телефон, компјутер и таблет но со пристап до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања. Времетраењето на активностите, како пребарување на специфичен модел или бренд на мобилен телефон, филтрирање и споредба на мобилни телефони е прилично кратко, односно би траело помалку од една минута.
4.Преглед на продуктот
4.1 Потреби и карактеристики
Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Пребарување | Задолжително | Пребарување на специфичен модел или бренд на мобилен телефон
|
Филтрирање | Задолжително | Филтрирање според модел, бренд, како и според продавницата која го нуди
|
Споредба | Задолжително | Споредба на два мобилни телефони
|
Повеќејазичност | Пожелно | Опција за приказ на содржината на повеќе јазици
|
Видео рецензија за избраниот мобилен телефон | Пожелно | Видео на детален преглед на мобилниот телефон и неговите спецификации
|
5.Други барања/потреби
Барање | Приоритет
|
---|
Електронски уред | Задолжително
|
Пристап до интернет | Задолжително
|
Пристап до веб прелистувач | Задолжително
|