Version 15 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
Бизнис случаи
Причина за креирање
Причина поради која се креира оваа веб апликација е на корисникот да му се поедностави или да му се помогне во процесот на планирање на неговото патување во Македонија. Бидејќи оваа платформа е конкретно наменета само за локации во Македонија, истата ќе опфаќа повеќе градови и локации за посета. Оваа апликација може да служи како канал за промовирање на домашен туризам и како аналитика за тоа каде и што најмногу сакаат да посетуваат туристите во Македонија.
Листа на ризици
- Апликацијата да не е прифатена од корисниците
- Да нема добро истражување за сите атрактивни локации кои би требало да му се понудат на корисникот
- Понудените локации да не ги задоволуваат барањата на корисникот
- ЕР модел на база кој нема да е добро креиран
Главни предности
- Опфаќа повеќе градови и локации во Македонија (ако не и сите)
- Придонес во промовирање на туризмот
- Точни и ажурирани информации
- Брз одговор на корисничко барање
- Се скратува времето корисникот да пребарува низ други сајтови што треба да посети
- Вклучени се локации кои кои не се достапни пример на tripadvisor
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.