wiki:Vision

Version 8 (modified by 163067, 3 years ago) ( diff )

--

Визија на проектот

Вовед

Проектот се прави од повеќе причини – да се промовира и развива туризмот во Македонија, да се води аналитика што најмногу сакаат да посетуваат туристи во Македонија и каде најмногу сакаат да одат, да овозможи детален планер и да опфаќа што е можно повеќе локации/знаменитости, корисниците да не пребаруваат атракции од повеќе различни ресурси за нивната посета во Македонија.

Позиционирање

Опис на проблемот

проблем на пребарување "Things To Do" информации за Македонија од различни ресурси.
ги засега Туристи, посетители.
со следните последици Да не се пронајдат места/локации/градови кои се или би можеле да бидат атрактивни.
успешно решение би било Веб апликација која би му генерирала план за посета на корисникот врз основа на неговите барања.

Позиционирање на пазарот

за групата корисници Поединци, семејства, партнери, групи.
кои планираат престој во Македонија.
Plan My Trip To Macedonia Е веб апликација која ќе им генерира предлог распоред на корисниците врз основа на нивните кориснички барања.
кој овозможува Ажурирани и детални информации за градови/локации кои би му биле од корист на корисникот.
за разлика од inspirock.com
Plan My Trip To Macedonia е подобро решение Затоа што е наменето само за Македонија и со самото тоа е потедално (во однос на бројот на градови, заедно со сите знаменитости, кои се опфатени).

Опис на засегнати

Преглед на сите засегнати

Име Опис Одговорности
Туристи/посетители Корисници на апликацијата кои сакаат плански и подготвено да заминат на патување во Македонија. Немаат одговорности, освен доброволно да остават оценка(review) за генерираниот план и местата кои ги посетиле.

Корисничка околина

За пристап до адресата на оваа веб апликација корисникот може да го користи кој било веб прелистувач. На корисниците ќе им биде овозможен едноставен интерфејс преку кој ќе може да ги внесуваат податоците за да се генерира нивниот план за патување. Одговорите на корисничките барања ќе бидат прикажани брзо.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.