| | 1 | == Бизнис модел |
| | 2 | ReserveNGo има за цел да го револуционизира начинот на кој локалите управуваат со резервациите и менаџираат со нивните клиенти. Со постигнувањето на саканите цели, справувањето со потенцијалните ризици и искористување на придобивките, платформата може да обезбеди значителна вредност и за клиентите и за сопствениците на бизнисите. |
| | 3 | |
| | 4 | === Цели |
| | 5 | - Запознавање на локалите и потенцијалните клиенти со можностите на ReserveNGo апликацијата, за континуиран раст, преку таргетирани маркетинг кампањи. |
| | 6 | - Поставување и фаќање на водечкото место од ваков тип на апликации, нудејќи функционалности и услуги, кои ќе се разликуваат од тие на потенцијалните конкурентите. |
| | 7 | - Приход од претплатите на локалите за користење на оваа платформа, како и дополнителен приход од спонзорирано рекламирање на претплатените локали. |
| | 8 | - Собирање на вредни податоци за преференциите и однесувањата на корисниците, кои може да се користат за подобрување на функционалностите на платформата. |
| | 9 | |
| | 10 | === Предности |
| | 11 | |
| | 12 | - Брз и лесен начин за наоѓање и резервирање место во локалите. |
| | 13 | - Ажурирани информации за слободни места и брзи конфирмации на резервациите. |
| | 14 | - Зголемена видливост и поголема можност за откривање на локалот од потенцијални клиенти. |
| | 15 | - Можност за промовирање на настани од страна на локалите директно преку платформата. |
| | 16 | - Лесна регистрација и промоција на локалите. |
| | 17 | |
| | 18 | === Ризици |
| | 19 | - Поради потребата на сиситемот да биде активен и ажуриран постојано, падот на ситемот, дури и за неколку минути може да води кон огромни загуби од страна на локалите кој се претплатени на системот и зависат од неговите можности за резарвација. |
| | 20 | - Самата големина на платформата и потребата да се чуваат податоци и за корисниците и за локалите, од кои некои може да се податоци за плаќање, ќе води кон предизвикувачка и сериозна задача за одржување на безбедноста на податоците. |
| | 21 | - Потенцијална конкуренција од иднонастанати системи за резервација слични на овој. |
| | 22 | - Грешни информации за достапноста на место во локалите поради ненавремено ажурирање на податоците. |
| | 23 | - Справување со клиенти кои резервирале а не се појавиле навреме или не се појавиле воопшто. |
| | 24 | - Поради потребната интеракција од страна на вработените со ситемот, ќе се зголеми самиот праг на квалификација за работа во локалот. |
| | 25 | - Овој начин на автоматизација на резервациите е прилично нов и непознат во очите на сопствениците на бизнисите. Истите би ималесомнеж во неговата функционалност и доверливост. |