wiki:BusinessCase

Version 4 (modified by 223157, 6 months ago) ( diff )

--

Бизнис модел

Цели

  • Запознавање на локалите и потенцијалните клиенти со можностите на ReserveNGo апликацијата, за континуиран раст, преку таргетирани маркетинг кампањи.
  • Поставување и фаќање на водечкото место од ваков тип на апликации, нудејќи функционалности и услуги, кои ќе се разликуваат од тие на потенцијалните конкурентите.
  • Приход од претплатите на локалите за користење на оваа платформа, како и дополнителен приход од спонзорирано рекламирање на претплатените локали.
  • Собирање на вредни податоци за преференциите и однесувањата на корисниците, кои може да се користат за подобрување на функционалностите на платформата.

Предности

  • Лесна регистрација и промоција на локалите.
  • Листање и сортирање на најпопуларните и блиските локали.
  • Преглед на секаков тип на информација за локалот (локација, работно време, мени, активни настани, слики, контакт информации и оценки).
  • Преглед на активниот/моменталниот план за распоред на маси во локалот.
  • Ажурирани информации за слободни места и брзи конфирмации за резервациите.
  • Следење на активни настани во локалите.
  • Зачувување на омилените локали.

Ризици

  • Поради потребата на сиситемот да биде активен и ажуриран постојано, падот на ситемот, дури и за неколку минути може да води кон огромни загуби од страна на локалите кој се претплатени на системот и зависат од неговите можности за резарвација.
  • Самата големина на платформата и потребата да се чуваат податоци и за корисниците и за локалите, ќе води кон предизвикувачка и сериозна задача за одржување на безбедноста на податоците.
  • Поради потребната интеракција од страна на вработените со ситемот, ќе се зголеми самиот праг на квалификација за работа во локалот.
  • Овој начин на автоматизација на резервациите е прилично нов и непознат во очите на сопствениците на бизнисите. Истите би имале сомнеж во неговата функционалност и доверливост.
  • Потенцијална конкуренција со некои други предности.
  • Ненавремено ажурирање на податоците од страна на локалите.
  • Справување со клиенти кои резервирале а не се појавиле навреме или не се појавиле воопшто.
Note: See TracWiki for help on using the wiki.