wiki:Vision

Version 13 (modified by 223130, 6 months ago) ( diff )

--

Визија

Вовед

Полни локали се натрупани со телефонски повици, голем дел од времето и вниманието го даваат на правењето на резервациите, кои маси се резервирани, памтење и правење записи за истите за организација со соодветните клиенти. Додека клиентите прават еден куп телефонски повици, надевајќи се дека ќе стапат во контакт со локалот.
ReserveNGo има за цел да го револуционизира начинот на кој локалите управуваат со резервациите и менаџираат со нивните клиенти. Со постигнувањето на саканите цели, справувањето со потенцијалните ризици и искористување на придобивките, платформата може да обезбеди значителна вредност и за клиентите и за сопствениците на бизнисите.

Позиционирање

1. Дефиниција на проблем

Тема на проблемЛичноста посветува премногу време, барајќи и бирајќи локал, “сурфајќи“ по интернетот.
Кого засегаЛокалите и нивните клиенти.
Со последици какоБеспотребно трошење време на клиентите и создавање на нервоза. Пропуштени можности за потенцијални клиенти од локалите, односно недоволна видливост на пазарот.
Успешно решение би билоЦентрализирана веб платформа која ги прикажува сите релевантни информации за локалите. Овозможување на лесно и брзо пребарување и филтрирање.


Тема на проблемЛесен начин за резервација без потреба од правење на телефонски повици на клиентите, обидувајќи се да стапат во контакт со локалот.
Кого засегаЛокалите и нивните клиенти.
Со последици какоЗголемување на товарот на вработените во локалите посветувајќи време одговарајќи на телефонски повици, органзириање и правење на записи за резервациите. Изгубено време во правење на куп телефонски повици, без сигурност дека тие ќе стапат во контакт и ќе ја направат посакуваната резервација.
Успешно решение би билоЦентрализирана веб платформа која овозможува ефикасен начин на резервација.

2. Позиционирање на пазарот

ЗаПотенцијални клиенти во локалите
КоиЛокали кои сакаат да ги оптимизираат своите резервации и клиенти кои сакаат ефикасно да резервираат во соодветниот локал.
Reserve_N_GoВеб базирана апликација/платформа.
Која овозможуваБрзо и лесно пребарување, филтрирање и резервирање во одбраниот локал, како и менаџирање со своите резервации.
За разлика одОд tripadvisor.com, google.com, кои нудат не сигурни, не валидирани и “real time” ажурирани податоци за клиентите, како и опцијата за лесна и брза резервација преку само неколку кликови.
Нашиот продуктReserveNGo e 24/7 достапен и навремено ажуриран. Нуди интуитивен интерфејс кој овозможува лесно снаоѓање и учење на функционалностите на апликацијата.


ЗаЛокалите
КоиЛокали кои сакаат лесно да се рекламираат и да ги направат нивните информациите лесно достапни за потенцијалните клиенти, и кои исто така сакаат да го подобрат и направат поефикасен процесот на правење резрвации.
Reserve_N_GoВеб базирана апликација/платформа.
Која овозможуваЛесно и ефективно рекламирање, управување со резервации, и зголемување на ефикасноста на процесите поврзани со резервации.
За разлика одОд други веб апликации/платформи, како rezerviraj.mk, која не нуди навремено и постојано ажурирање на своите функционалности, редовно ажурирање на информациите за локалите, како и брз, ефикасен, автоматизиран процес на резервација преку само неколку кликови.
Нашиот продуктОвозможува централизирано рекламирање, автоматско управување со резервации и интуитивен интерфејс кој овозможува брзо учење на функционалностите на апликацијата.

Опис на засегнати страни

1. Преглед на засегнати лица

ИмеОписОдговорности
Обичен клиентКорисник на веб апликацијатаПреглед на достапни локали, преглед на инфорамации и бирање на локал за резервација.
ЛокалКорисник на веб апликацијатаРегистрација на локалот и ажурирање на соодветните инфорамции за него.
АдминистраторЛице со административен пристап до веб апликацијатаАвтенцикација и верификација на локалите преку стапување во контакт со нив.
Развивач на апликацијатаЛице со технички познавања/вештиниРазвивање, одржување на системот

2. Корисничка околина

Веб апликација е со едноставен “user friendly” интерфејс. Лицата кои имаат пристап до интернет и соодветен веб прелистувач, ќе можат да пристапат до неа преку било кој уред (мобилен телефон, лаптоп или компјутер). Апликацијата ќе опслужува два вида на корисници: обични клиенти и локали.

Преглед на продуктот

1. Потреби и карактеристики

ПотребаПриоритетКарактеристики
Регистрација/најава на локалотЗадолжителноРегистрација и најава на локалот
Регистрација/најава на корисник како обичен клиентЗадолжителноРегистрација и најава на обичен корисник
Ажурирање на податоци за локалотЗадолжителноЛокалот мора редовно да ги ажурира своите податоци при секоја интерна промена
Ажурирање на лични податоци за корисникот како обичен клиентЗадолжителноКорисникот најавен како клиент би требало да ги ажурира личните податоците
Поставување на план за распоред на маси од локалотЗадолжителноЛокалот, мора да постави едноставна репрезентација на изгледот на неговиот локал, односно (“Blueprint”) распоред на маси
Резервација на маса во локалотПожелноКорисникот може да ги погледне слободните маси во локалот и да направи соодветна резервација за посакуваната маса
Пребарување и филтрирање на локалиВозможноМожност за пребарување и филтрирање на локали по различни критериуми (локација, рејтинг, близина…)
Зачувување на омилени локалиВозможноКорисниците можат да ги зачуваат во посебна листа своите омилени локали
Преглед на резервации на обичните кориснициПожелноКорисиниците може да прават преглед на направените резрервации
Управување со настани, специјални понуди и рекламирање од локалотПожелноЛокалот може да објавува настани и специјални понуди кои се видливи за корисниците
Интерактивна мапаВозможноИнтерактивна мапа која покажува локали во близина на корисникот
Поддршка за повеќе јазициВозможноПлатформата да биде достапна на повеќе јазици за да биде корисна за поширока публика
Потврда за успешна резервација преку SMS или E-mailПожелноСистемот преку соодветен сервис праќа пораки или маилови до корисникот

Други барања

БарањеПриоритет
Уред (лаптоп, компјутер, мобилен телефон)Задолжително
Пристап до интернет Задолжително
Пристап до веб прелистувач Задолжително
Note: See TracWiki for help on using the wiki.