Version 5 (modified by 21 months ago) ( diff ) | ,
---|
Документација
Build Instructions
Backend
- Најпрвин потребно е да имате инсталирано Java 11 (не сум сигурен за компатибилност со поновите верзии, иако би требало да функционира);
- Следно, потребно е да го клонирате проектот од git репозиториумот и да го отворите со Intellij IDEA, кој што автоматски ке ги превземе сите потребни зависности и надворешни библиотеки со помош на кои функционира апликацијата. Ова може да го видите во долниот десен агол налик на -> Indexing dependencies;
- Додека да заврши горенаведениот процес, стартувајте ја тунел скриптата (која се наоѓа на курсот), со помош на која ќе се поврзе апликацијата со базата на податоци;
- Откако ке заврши процесот на превземање на зависностите може да ја стартувате апликaцијата oдејќи на опцијата за Run или Debug над фајлот RebuApplication.java кој се наоѓа во пакетот src.main.java.com.example.uber;
- Во конзолата би требало да го добиете сличен output како дадениот во последната линија: Started RebuApplication in 5.715 seconds (JVM running for 6.512)
- Со ова се осигурувате дека се е во ред со стартувањето на backend апликацијата и може да продолжите кон frontend делот.
Frontend
- Симнете и инсталирајте node.js од https://nodejs.org/en/download/ ; Со ова ке го инсталирате и npm package mаnager кој што ни е потребен.
- Клонирајте го frontend проектот од git репозиториумот;
- Отворете терминал во клонираниот проект и извршете ја командата: 'npm install'
- Откако ке се извршат потребните инсталации, во истиот терминал извршете ја командата: 'npm start'
- Ова би требало автоматски да го покрене вашиот default пребарувач и да ја отвори апликацијата на http://localhost:3000/ ;Доколку тоа не се случи стартувајте веб пребарувач и внесете ја мануелно адресата во него (http://localhost:3000/)
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.