wiki:WikiStart/About

Version 4 (modified by 121232, 9 months ago) ( diff )

--

Членови на тимот

Имe и презиме Индекс
Сара Стојилкова - координатор215073
Маргарита Стојковска121232
Илинка Ставрова133039
Христијан Серафимовски215051

Краток опис на проектот

"University Planner" е систем за управување со академските обврски на студентите, изработен со цел да го олесни и подобри искуството на студирањето. За да ги задоволи потребите на студентите, базата на податоци на овој планер ќе содржи широк спектар информации поврзани со академскиот календар и активностите при студирањето како што се: податоци за распоредот на часови за предметите кои ги следи студентот, термини за испити/колоквиуми, информации за домашни задачи, курсеви, материјали и препорачана литература за предметите кои студентот ги слуша, информации за проекти, забелешки од предавањата, термини за консултации ... Во целост, "University Planner" не е само база на податоци, туку целосна алатка за поддршка на студентите во нивното студентско искуство, обезбедувајќи им лесно и ефикасно управување со академските задачи и обврски.

Детален опис на проектот:

Во повеќе детали опишете ја целата идеја

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец? Базата на податоци на "University Planner" е наменета за студентите.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка? Проектот решава проблеми со неорганизираност и задоцнување во управувањето на академските активности за студентите. Исто така, обезбедува ефикасно следење на претстојните активности на студент , што може да помогне во подобрување на административните процеси.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти? Апликацијата ќе има само еден вид на корисник - студент.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација? Проектот се реализира како мобилна апликација, обезбедувајќи пристапот од различни уреди и платформи (iOS и Android). Со оглед на тоа што корисниците на апликацијата се млади луѓе (студенти) мислиме дека за почеток форматот на мобилна апликација би бил најсоодветен. Понатаму, проектот би можел да биде реализиран и во веб формат.

Branding

Attachments (3)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.