Version 19 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
Вовед
Дигиталното архивирање е долгорочна процедура за обработка, управување и зачувување на дигитални објекти, за кои се смета дека имаат безвременска вредност [1]. Од 90-тите, како долгорочни национални проекти, многу земји како Австралија, Соединетите држави и европските нации ги напреднаа своите напори за онлајн зачувување на дигиталните ресурси предводени од нивните национални библиотеки во соработка со други институции и организации [2] [3] [4].
И тука имате многу реченици во идно време, како да не ви се направени. Во ред е да кажувате во идно време, за тоа што ќе го дискутирате во следните делови од текстот, но не е во ред во идно време за работи кои се дел од софтверот и кои веќе сте ги направиле. Се збунува читателот и не знае дали веќе сте направиле систем или само предлагате каков систем би било добро да се направи. Видите секаде, во завиност од контекстот корегирајте го ова.
И тука истата забелешка како на почетокот за архивско работење
Со цел да се постигне дигитизација на меѓуорганизациски процес, во оваа дипломска работа изработувам веб апликација што ги покрива главните работни процеси од архивското работење на една приватна компанија. Најважните придонеси на системот за е-архивирање се пребарување и прелистување, споделување информации, достапност на информации и разновидност. Веб-базираниот систем што го имплементирав овозможува пребарување документи со одреден архивски број или наслов како стандардна карактеристика. Системот за е-архивирање не само што ги понудува добиените податоци од пребарувањето, туку и самите целосни документи. Функцијата за пронаоѓање на датотека преку филтрирање или пребарување со архивски број или наслов нуди големи придобивки за корисниците на системот. Дигиталната содржина може да се преземе и реплицира во неограничен број копии, секако доколку не се работи за злоупотреба на системот.
Апликацијата главно се состои од следните модули: модул за конфигурација, модул за работа со документи и модул за скенирање. Корисникот има опција да генерира нови содржини и да прикачува постоечка содржина на сервер. До поставената содржина може да се пристапи насекаде, во кое било време (ова може да биде ограничено од администраторот според потребите). Содржината се зачувува според структурата дефинирана од корисниците и на ниво разбирливо за нив.
Понатаму ќе дефинираме анализа на потребите на клиентите и ќе зборуваме за сценарија на случаи на употреба. Дипломската работа исто така ќе се состои од детален дизајн на системот, каде што во структуриран начин ќе се објасни архитектурата на системот, класен и секвенцијален дијаграм и користени технологии. Во делот имплементација ќе бидат претставени преку код одредени функционалности од системот кои се користат многу често во повеќе форми во рамките на системот за електронска архива. Ќе поставам на крај и корисничко упатство со цел да може подетално и појасно да се разбере начинот на кој ќе функционира овој систем.
Зошто да се изгради нова веб-апликација наместо да се користи постоечка?
Дигиталните архиви нема целосно да го заменат физичкото постоење на документите, но без сомнение ќе ги задоволат сегашните побарувања - пристап до документите за вработените кои не работат на истата локација. За таа цел, добро би било архивата да добие барем хибридна природа. Почетната цена на дигитизацијата е можеби висока, но истражувањата и експериментите покажуваат дека штом ќе се воведе дигитизација, трошоците за управување стануваат се помали.
Не се сложувам дека компјутерски вируси се проблем само за дигитални архиви со отворен код, проблем се за сите. Вируси воопшто не се аргумент зошто да правите нова апликација, наместо да користите некоја постојна. Напротив обратно, постојните апликации, особено тие кои се користени на многу места, поминале низ многу фази на корекции на пропусти, па е поверојатно да бидат поотпорни на напади. Ако се со отворен код, тогаш важи и аргументот - повеќе луѓе го гледале кодот, па повеќе луѓе имале шанса да забележат пропуст и да е поправен. Ако сакате ваква дискусија да водите, треба да ги земете предвид и ваквите аргументи.
Остатокот од параграфот не е доволно јасно напишан и не разбирам што точно сакате да кажете.
Не е јасно во каква врска се следните неколку точки со дискусијата зошто да не си купите или симнете некој готов бесплатен софтвер за архивирање, наместо да правите нов. Дополнете ги со објаснение во таа насока.
Пример: како ќе помогнете да не се прекршуваат авторските права за дигитизираните содржини ако направите ваша апликација, наместо да користите некоја готова апликација и си ја инсталирате кај вас.
Ако не ви беше тоа целта, тогаш треба еден параграф да објасните која е целта на овие дискусии или треба да одат во друга глава.
Авторско право: – Дигитизацијата го прекршува законот за авторско право бидејќи содржината на еден автор може слободно да се пренесе од друг без негово признание. Значи, една тешкотија што треба да се надмине за дигиталната архива е начинот на дистрибуција на информации и начинот за креирање дупликати или други верзии на постоечки фајлови.
Почетната цена е висока: – инфраструктурната цена на дигиталната архива, т.е. трошоците за хардвер, софтвер; лизинг коло на комуникација е генерално многу висока. Архивирањето е скап процес, па дури и одржувањето на дигитална архива не е евтино. Некој мора да го поднесе тој финансиски товар. Трошоците се свртуваат кон операциите и одржувањето, дневните, месечните и годишните трошоци за чување на податоците на безбеден и достапен начин и нивно додавање со текот на времето. Овие трошоци може да бидат огромни.
Ширина на опсег: – На дигиталната архива ќе и треба висок опсег за пренос на податочни ресурси, но ширината на опсегот се намалува од ден на ден поради нејзината прекумерна искористеност.
Ефикасност: – Со многу поголем обем на дигитални информации, наоѓањето на вистинскиот материјал за одредена задача станува се потешко.
Зачувување: – Поради технолошкиот развој, постоечката дигитална архива со отворен код може брзо да стане застарена и нејзините податоци може да станат недостапни. Правењето резервна копија на податоците на неколку локации е од суштинско значење за зачувување: дигиталните податоци не се побезбедни од серверот или серверите каде што се чуваат. Од суштинско значење е да се разгледаат основите на управувањето со безбедноста при преземање на кој било проект.
Една од задачите на повеќе проекти и тимови во предметот информациски системи имаат направено пресметка на изведливост на градење нов систем и споредба со користење на постоен. Заклучокот, скоро секогаш бил дека е поефтино да се користи постоен софтвер, отколку да се развива нов. Истовремено, заклучокот скоро секогаш бил дека ниту еден од постојните софтвери не ги задоволува буквално сите побарувања, или ако ги задоволува скоро никогаш не е на истиот начин како што се очекувањата. Не можам да се сложам дека се штеди заштедува време и финансии, но можам да се сложам дека подобро ќе задоволи некои специфични потреби. Може повеќе да дискутирате во таа насока.
Одлуката да се изгради нова дигитална архива врз основа на барањата на клиентот е многу поефективна и заштедува време. Може да се гради врз основа на персонализирани и специјализирани потреби на приватна или државна институција. За да ги избегнам сите недостатоци што ги споменав претходно, решив да изградам економично прифатлива веб апликација која истовремено е и прогресивна за мобилни телефони. Накратко ќе објаснам кои ќе бидат предностите на веб апликацијата SaveSpace.
- Архивата ќе се состои од автентикација со два фактори
- Архивата ќе се состои од корисници, одделенија, фолдери и модули за датотеки
- Апликацијата ќе има различни типови на улоги секоја посебно со целосен или ограничен пристап до датотеки и документи
- Секој фолдер ќе биде поврзан со оддел
- За секој фолдер корисникот ќе може да креира нова верзија
- ID на архивата ќе се заснова на кодот на одделот кој е единствен идентификатор што претставува оддел
- Масовното преземање датотеки и експорт на податоци ќе бидат достапни за секој модул
За да биде аргументирано и убедливо тврдењето дека е подобро да се изработи од ново софтвер, недостасува следното - да наведете некои конкретни примери на готови софтвери со иста или слична намена, без разлика дали се комерцијални или бесплатни, и да споредите конкретно што тие немаат, а вашиот софтвер има.