wiki:Заклучок

Заклучок

Феноменот на информатичкото општество и неговата технолошка позадина, често наречена дигитална револуција, ги прави активностите на архивите и полесни и отежнати. Дигитализираните, унифицирани системи за управување со архиви или полу-автоматизираните апликации за дигитализирање, значително ја олеснуваат работата на архиварите, исто како што корисничките интерфејси поврзани со овие системи ги олеснуваат задачите на корисниците. Појавата на нови видови документи, експоненцијално растечкиот обем на born-digital информации што треба да се складираат, заедно со променливите очекувања на корисниците, претставуваат нови предизвици за архивската професија.

Во рамките на дипломскиот труд беше опишана веб апликација за архивско работење на една приватна компанија. Прво беше објаснета главната цел на дипломската работа и нејзината примена кај реален корисник. Со употреба на различни видови на дијаграми беа претставени различни аспекти на апликацијата. Преку корисничките дијаграми беа прикажани најважните интеракции на корисникот со системот. Беше даден детален опис на архитектурата на системот и секако технологиите кои се користат. Со помош на класен дијаграм детално беше претставена базата на податоци, додека со помош на секвентни дијаграми беа прикажани врските меѓу објектите. За оние функционалности на апликацијата кои често се сретнуваат во формите беше претставен начинот на кој тие се имплементирани. За на крај детално да се прикажат сите функционалности на системот и детален опис како се користи истиот. Со тоа беа опфатени сите аспекти од развојот и функционалноста на веб системот за електронска архива, се до имплементација на системот подготвен за употреба од страна на крајниот корисник. Веб архивата конечно ја исполнува примарната цел, да се развие целосна функционална веб архива која ќе ги исполнува корисничките барања на една приватна компанија. Денес, кога се автоматизираат процесите од сите сфери на животот и работата, потребата од дигитализирани архиви е исто така од големо значење бидејќи го забрзува времето за исполнување на задачите, ја намалува потребата од физички големи простори за складирање документи со што треба да се сноси голема одговорност и се плеснува организацијата и достапноста на податоците кои се користат.

Сметам дека во сегашната верзија од мојата апликација се исполнети најважните функционалности за управување со документи и има солидна основа за иден развој и подобрувања. Некои од потенцијалните подобрувања во иднина би биле: вграден едитор за текстуални датотеки, преглед на датотеки, повеќе опции за two-factor authentication; на пример верификација со мобилен број, OCR технологија која овозможува да се конвертираат разни видови документи во податоци што може да се уредуваат и пребаруваат, дигитален потпис и печат со што би се овозможило документите директно да се зачувуваат и потврдат од страна на правник со потпис и печат преку веб-апликацијата, task management system и chat за споделување на одредени задачи со цел да се зголеми интеракцијата помеѓу вработените, со што информациите и податоците остануваат во рамките на системот со што и би се зачувувала приватноста во компанијата.

Сите аргументи накратко изложени на дипломскиот труд го поддржуваат заклучокот дека потребата за електронски архиви, навистина, ќе продолжи да постои во догледна иднина. Според тоа, во дигиталната ера архивските институции не се под директна закана од укинување или губење на функцијата, туку спротивно на тоа, ќе расте потребата за електронски системи за архивирање.

Last modified 3 years ago Last modified on 12/21/21 21:55:01
Note: See TracWiki for help on using the wiki.