Changes between Initial Version and Version 1 of Заклучок


Ignore:
Timestamp:
11/29/21 19:07:41 (3 years ago)
Author:
151545
Comment:

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Заклучок

    v1 v1  
     1Феноменот на информатичкото општество и неговата технолошка позадина, често наречена дигитална револуција, ги прави активностите на архивите и полесни и отежнати. Дигитализираните, унифицирани системи за управување со архиви или полу-автоматизираните апликации за дигитализирање, значително ја олеснуваат работата на архиварите, исто како што корисничките интерфејси поврзани со овие системи ги олеснуваат задачите на корисниците. Појавата на нови видови документи, експоненцијално растечкиот обем на born-digital информации што треба да се складираат, заедно со променливите очекувања на корисниците, претставуваат нови предизвици за архивската професија.\\
     2
     3Во рамките на дипломскиот труд беше опишана веб апликација за архивско работење на една приватна компанија. Прво беше објаснета главната цел на дипломската работа и нејзината примена кај реален корисник. Со употреба на различни видови на дијаграми беа претставени различни аспекти на апликацијата. Преку корисничките дијаграми беа прикажани најважните интеракции на корисникот со системот. Беше даден детален опис на архитектурата на системот и секако технологиите кои се користат. Со помош на класен дијаграм детално беше претставена базата на податоци, додека со помош на секвентни дијаграми беа прикажани врските меѓу објектите. За оние функционалности на апликацијата кои често се сретнуваат во формите беше претставен начинот на кој тие се имплементирани. За на крај детално да се прикажат сите функционалности на системот и детален опис како се користи истиот. Со тоа беа опфатени сите аспекти од развојот и функционалноста на веб системот за електронска архива, се до имплементација на системот подготвен за употреба од страна на крајниот корисник. Веб архивата конечно ја исполнува примарната цел, да се развие целосна функционална веб архива која ќе ги исполнува корисничките барања на една приватна компанија.  Денес, кога се автоматизираат процесите од сите сфери на животот и работата, потребата од дигитализирани архиви е исто така од големо значење бидејќи го забрзува времето за исполнување на задачите, ја намалува потребата од физички големи простори за складирање документи со што треба да се сноси голема одговорност и се плеснува организацијата и достапноста на податоците кои се користат. \\
     4
     5Сите аргументи накратко изложени на дипломскиот труд го поддржуваат заклучокот дека потребата за електронски архиви, навистина, ќе продолжи да постои во догледна иднина. Според тоа, во дигиталната ера архивските институции не се под директна закана од укинување или губење на функцијата, туку спротивно на тоа, ќе расте потребата за електронски системи за архивирање.
     6
     7