Version 3 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
Заклучок
Феноменот на информатичкото општество и неговата технолошка позадина, често наречена дигитална револуција, ги прави активностите на архивите и полесни и отежнати. Дигитализираните, унифицирани системи за управување со архиви или полу-автоматизираните апликации за дигитализирање, значително ја олеснуваат работата на архиварите, исто како што корисничките интерфејси поврзани со овие системи ги олеснуваат задачите на корисниците. Појавата на нови видови документи, експоненцијално растечкиот обем на born-digital информации што треба да се складираат, заедно со променливите очекувања на корисниците, претставуваат нови предизвици за архивската професија.
Во рамките на дипломскиот труд беше опишана веб апликација за архивско работење на една приватна компанија. Прво беше објаснета главната цел на дипломската работа и нејзината примена кај реален корисник. Со употреба на различни видови на дијаграми беа претставени различни аспекти на апликацијата. Преку корисничките дијаграми беа прикажани најважните интеракции на корисникот со системот. Беше даден детален опис на архитектурата на системот и секако технологиите кои се користат. Со помош на класен дијаграм детално беше претставена базата на податоци, додека со помош на секвентни дијаграми беа прикажани врските меѓу објектите. За оние функционалности на апликацијата кои често се сретнуваат во формите беше претставен начинот на кој тие се имплементирани. За на крај детално да се прикажат сите функционалности на системот и детален опис како се користи истиот. Со тоа беа опфатени сите аспекти од развојот и функционалноста на веб системот за електронска архива, се до имплементација на системот подготвен за употреба од страна на крајниот корисник. Веб архивата конечно ја исполнува примарната цел, да се развие целосна функционална веб архива која ќе ги исполнува корисничките барања на една приватна компанија. Денес, кога се автоматизираат процесите од сите сфери на животот и работата, потребата од дигитализирани архиви е исто така од големо значење бидејќи го забрзува времето за исполнување на задачите, ја намалува потребата од физички големи простори за складирање документи со што треба да се сноси голема одговорност и се плеснува организацијата и достапноста на податоците кои се користат.
Пред крајниот заклучок, наведете и само-критика - објаснете кои елементи сметате дека недостасуваат кај вас, или кои можеле да се направат подобро, објаснете зошто не сте ги направиле или зошто не сте сметале дека треба да се вклучат во овој момент во развојот. Потоа наведете кои елементи би биле можно за иден развој и унапредување - како на знаењата, така и на системот.
Сите аргументи накратко изложени на дипломскиот труд го поддржуваат заклучокот дека потребата за електронски архиви, навистина, ќе продолжи да постои во догледна иднина. Според тоа, во дигиталната ера архивските институции не се под директна закана од укинување или губење на функцијата, туку спротивно на тоа, ќе расте потребата за електронски системи за архивирање.