wiki:BusinessCase

Бизнис модел

Цели

Целта на проектот е унапредување на бизнисите и индивидуалните професионалци преку понуда на квалитетни експерти и курсеви. Платформата ќе придонесе до зголемување на нивото на вештини, експертиза и професионалност кај вработените, без разлика дали работат во компании или како фриленсери.

Ризици

  • Недоволно материјал: Доколку нема доволно материјали кои ќе ги привлечат и задржат корисниците, веб апликацијата може да биде залудна
  • Недоверба во квалитетот на услугата: Корисниците можат да се чувствуваат несигурно за квалитетот на услугата бидејќи таа е онлајн и непиплива.
  • Песимистичка настроеност кон ваков тип на услуга: Во Македонија и регионот, многу корисници не се свесни за долгорочните придобивки од инвестирањето во онлајн курсеви или ангажирање експерти.
  • Споделување на курсеви: Може еден корисник да купи курс и тој курс да го слушаат повеќе луѓе.
  • Нелегален пристап до материјалот во курсевите: Хакирањето може да доведе до нелегално превземање на курсевите без плаќање
  • Непочитување на авторските права: Користење на курсевите за нивна препродажба или било какво монетизирање без дозвола

Предности

  • Единствени на пазарот: Во Македонија и регионот нема ваков концепт
  • Флексибилност и достапност: Корисниците можат да пристапат и да ги слушаат курсевите во било коре време и од било кое место
  • Инвестиција кон успех: Корисниците ке постигнат подобри резултати со инвестирање во нивните вештини и знаења
  • Оправдан трошок: Со резултатите што ќе ги постигнат преку стекнување нови знаења и вештини, корисниците целосно ќе го оправдаат својот трошок и ќе добијат значително повеќе отколку што вложиле.
Last modified 11 days ago Last modified on 05/06/25 23:01:11
Note: See TracWiki for help on using the wiki.