Визија
1. Вовед
Платформа што ги унапредува бизнисите, вработените и фриленсерите преку квалитетни курсеви и експертско менторство, создавајќи поуспешна и поконкурентна деловна средина.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
| Тема на проблем | Ограничен раст и развој
|
|---|
| Кого засега | Бизниси, вработени и фриленсери
|
|---|
| Со последици како | Остварување на својот целосен потенцијал и постигнување на предвидените цели
|
|---|
| Успешно решение би било | Ангажирање на експерти кои ќе помогнат во започнување на растот и развојот, како и инвестирање во курсеви за унапредување на знаењето и вештините.
|
|---|
2.2 Позиција на пазарот
| За | Бизниси, вработени и фриленсери
|
|---|
| Кои | Сакаат тие и/или нивните вработени да донесат максимална додадена вредност и експертиза во работата
|
|---|
| SHIFTER | Е платформа за унапредување на вештините и знаењата
|
|---|
| Кој овозможува | Ангажирање на експерти и набавување на релевантни курсеви
|
|---|
| За разлика од | Традиционалниот начин на ангажирање на експерти и набавување на материјали за учење од различни области
|
|---|
| Нашиот продукт | Нуди посветено место каде корисниците на лесен начин можат да ангажираат консултанти, како и да набават курсеви за специфична тема која ги засега
|
|---|
3. Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
| Име | Опис | Одговорности
|
|---|
| Корисник | Корисник со или без корисничка сметка кој ја користи веб апликацијата | Пристапува до основните информации за курсевите кои не му се превземени, и до детални информации за курсевите кои се превземени. Закажува онлајн состаноци со експерти.
|
| Администратор | Одржувач на курсеви | Пристап за формирање на нови курсеви и бришење на веќе постоечки курсеви. Има пристап до целосниот материјал на сите курсеви
|
3.2 Корисничка околина
Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до апликацијата преку било кој уред, со достапост до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања.
4. Преглед на производот
4.1 Барања
Корисник
| Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
|---|
| Кориснички профил | Висок | Се чуваат податоци за корисникот
|
| Преглед на курсеви | Висок | Се прикажуваат курсеви
|
| Филтрирање курсеви | Висок | Се прикажуваат курсеви според критериумите по кое е филтрирано
|
| Набавување на курс | Висок | Се зачувува курсот дека е набавен од корисникот
|
| Закажување на состанок со експерт | Висок | Се ажурираат календарите на корисникот и експерот-менторот
|
| Пребарување курсеви | Среден | Се прикажуваат курсеви според име на курсот по кое е пребарувано
|
| Чување на омилени курсеви | Среден | Чување на курсеви кои се зачувани како омилени
|
Администратор
| Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
|---|
| Кориснички профил | Висок | Персонализиран профил кој нуди администраторски привилегии
|
| Креирање нов курс | Висок | Се зачувува новиот курс во листата на сите курсеви
|
| Бришење постоечки курс | Висок | Се брише курс од листата на сите курсеви
|
| Пристап до целосниот материјал за секој курс | Среден | Се пристапува материјалот до било кој курс
|
5. Други барања
| Барање | Приоритет
|
|---|
| Интернет конекција | Висок
|
| Веб прелистувач | Висок
|
| Електронски уред за пристап до апликацијата | Висок
|