wiki:about

Shifter

Кратка Дескрипција:

Shifter е иновативна платформа за онлајн курсеви, менторство и консалтинг. Таа е наменета да им помогне на бизниси, фриленсери и индивидуалци да ги постигнат своите професионални цели.

Компании и професионалци од различни индустрии ќе можат лесно да ангажираат експерти за консултации и менторство, како и да обезбедат квалитетни курсеви за своите вработени и соработници, со цел подобрување на нивните вештини и експертиза.

Фриленсерите и вработените ќе имаат можност да учат од докажани професионалци, да развијат нови компетенции и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот, создавајќи поголеми можности за професионален развој.

Долга Дескрипција:

За кого е наменет проектот Базата на податоци и самата апликација се наменети за Shifter – центар за развој и трансформација на бизниси. Оваа организација ќе биде одговорна за сопственоста, управувањето и обезбедувањето на услугите поврзани со платформата.

Проблеми што се решаваат Со овој проект се решаваат неколку клучни проблеми во рамките на Shifter и пошироко во бизнис-секторот:

  • Недостиг на централизирана едукациска платформа – моментално во Македонија нема интегрирана платформа што обединува менторство, консалтинг и дигитално учење на едно место.
  • Ограничена достапност до квалитетни експерти – преку Shifter, експертите ќе бидат достапни на еден клик растојание, со можност за директна комуникација и ангажман.
  • Ниска доверба во онлајн едукација – преку професионален пристап и висококвалитетна содржина, платформата ќе ја зголеми довербата на корисниците во дигиталното учење.

Типови на корисници Апликацијата ќе поддржува неколку типови на корисници, при што секој тип ќе има различни нивоа на пристап до базата и функционалностите:

  • Експерти и ментори – можат да креираат нови курсеви, да креираат нови верзии од курсеви, и да преведуваат курсеви.
  • Корисник – можат да прелистуваат курсеви, да купуваат програми, имаат можност да закажат една бестплатна менторска сесиија.

Уникатност на идејата Иако постојат глобални решенија како Coursera, Udemy или LinkedIn Learning, Shifter се разликува по неколку основни аспекти:

  • Фокус на семејни компании и претприемачи – наместо општа публика, Shifter е специјализиран за овој пазарен сегмент.
  • Персонализиран пристап – платформата не нуди само курсеви, туку и менторство, консалтинг и индивидуални планови за развој.
  • Регионален контекст – содржината и експертите се адаптирани на реалноста во Македонија и Балканот, што ја прави платформата релевантна и културно блиска.
  • Комбиниран модел на учење – интеграција на дигитални програми, академии, менторски пакети и консалтинг, што ја прави Shifter повеќе од обична платформа за учење.

Технологија и пристапност Shifter ќе биде веб апликација со можност за понатамошно проширување во мобилна верзија. Веб платформата ќе овозможи пристап преку сите уреди (компјутери, таблети, телефони) и ќе биде изградена со современи технологии како React.js (frontend), Java Spring Boot (backend) и PostgreSQL (база на податоци).


Last modified 30 hours ago Last modified on 11/06/25 17:47:40
Note: See TracWiki for help on using the wiki.