| | 1 | |
| | 2 | ---- |
| | 3 | |
| | 4 | = Shifter |
| | 5 | |
| | 6 | **Кратка Дескрипција**: |
| | 7 | |
| | 8 | *Shifter* е иновативна платформа за онлајн курсеви, менторство и консалтинг. Таа е наменета да им помогне на бизниси, фриленсери и индивидуалци да ги постигнат своите професионални цели. |
| | 9 | |
| | 10 | Компании и професионалци од различни индустрии ќе можат лесно да ангажираат експерти за консултации и менторство, како и да обезбедат квалитетни курсеви за своите вработени и соработници, со цел подобрување на нивните вештини и експертиза. |
| | 11 | |
| | 12 | Фриленсерите и вработените ќе имаат можност да учат од докажани професионалци, да развијат нови компетенции и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот, создавајќи поголеми можности за професионален развој. |
| | 13 | |
| | 14 | |
| | 15 | **Долга Дескрипција**: |
| | 16 | |
| | 17 | *За кого е наменет проектот* |
| | 18 | Базата на податоци и самата апликација се наменети за Shifter – центар за развој и трансформација на бизниси. Оваа организација ќе биде одговорна за сопственоста, управувањето и обезбедувањето на услугите поврзани со платформата. |
| | 19 | |
| | 20 | *Проблеми што се решаваат* |
| | 21 | Со овој проект се решаваат неколку клучни проблеми во рамките на Shifter и пошироко во бизнис-секторот: |
| | 22 | |
| | 23 | * Недостиг на централизирана едукациска платформа – моментално во Македонија нема интегрирана платформа што обединува менторство, консалтинг и дигитално учење на едно место. |
| | 24 | |
| | 25 | * Ограничена достапност до квалитетни експерти – преку Shifter, експертите ќе бидат достапни на еден клик растојание, со можност за директна комуникација и ангажман. |
| | 26 | |
| | 27 | * Ниска доверба во онлајн едукација – преку професионален пристап и висококвалитетна содржина, платформата ќе ја зголеми довербата на корисниците во дигиталното учење. |
| | 28 | |
| | 29 | *Типови на корисници* |
| | 30 | Апликацијата ќе поддржува неколку типови на корисници, при што секој тип ќе има различни нивоа на пристап до базата и функционалностите: |
| | 31 | |
| | 32 | Експерти и ментори – можат да креираат нови курсеви, да креираат нови верзии од курсеви, и да преведуваат курсеви. |
| | 33 | |
| | 34 | Корисник – можат да прелистуваат курсеви, да купуваат програми, имаат можност да закажат една бестплатна менторска сесиија. |
| | 35 | |
| | 36 | *Уникатност на идејата* |
| | 37 | Иако постојат глобални решенија како Coursera, Udemy или LinkedIn Learning, Shifter се разликува по неколку основни аспекти: |
| | 38 | |
| | 39 | * Фокус на семејни компании и претприемачи – наместо општа публика, Shifter е специјализиран за овој пазарен сегмент. |
| | 40 | |
| | 41 | * Персонализиран пристап – платформата не нуди само курсеви, туку и менторство, консалтинг и индивидуални планови за развој. |
| | 42 | |
| | 43 | * Регионален контекст – содржината и експертите се адаптирани на реалноста во Македонија и Балканот, што ја прави платформата релевантна и културно блиска. |
| | 44 | |
| | 45 | * Комбиниран модел на учење – интеграција на дигитални програми, академии, менторски пакети и консалтинг, што ја прави Shifter повеќе од обична платформа за учење. |
| | 46 | |
| | 47 | *Технологија и пристапност* |
| | 48 | Shifter ќе биде веб апликација со можност за понатамошно проширување во мобилна верзија. Веб платформата ќе овозможи пристап преку сите уреди (компјутери, таблети, телефони) и ќе биде изградена со современи технологии како React.js (frontend), Java Spring Boot (backend) и PostgreSQL (база на податоци). |
| | 49 | |
| | 50 | ---- |