ShopaHolic
Систем за онлајн продажба на гардероба
Започнат: ноември 2021
Предмет: Бази на податоци 2021/22
Под менторство на проф. др. Вангел Ајановски и м-р Ненад Анчев
Краток опис
Универзална веб платформа која служи за онлајн продажба и купување на облека од модната компанија ShopaHolic. Платформата е достапна низ целиот свет и овозможува доставување насекаде. Системот опишува на кој начин работи компанијата со онлајн нарачки на производи. Клиентите можат да го разгледуваат онлајн каталогот и да ги видат достапните величини и дали производот е достапен моментално. Исто ке имаат можност производите кои сакаат да ги купуваат да ги стават во кошничка и да платат преку платежна картичка. Откако клиентите ке се регистрираат на нашата платформа со име и презиме, добиваат ID број и корисничко име. Вработените во компанијата ги добиваат нарачките и во зависност од тоа каква е нарачката се формира количината на порачаните производи и цената. Системот на компанијата ги процесира тие нарачки и ги испраќа на клиентите. Статусот на нарачка која го има компанијата го споделува и со клиентите. За компанијата се чуваат ID број, тел. број, емаил адреса, физичка адреса, име и опис. За производите се чува ID, категорија, име, цена, величина и боја.
Членови на тимот
Име и презиме | Индекс |
---|---|
Дијана Манчева - координатор | 193012 |
Евгенија Николаевска | 193038 |
Трајче Најдовски | 193230 |
Фази и координација
Фаза | Линкови | Статус |
---|---|---|
0 | Дефинирање на Проектот | Одобрено |
1 | Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања | Одобрено |
2 | Логички и физички дизајн - Креирање база податоци | Одобрено |
3 | Апликативен дизајн-Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата-SQL Погледи | Одобрено |
4 | Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури | Одобрено |
5 | Прототип апликација - Основни функционалности | Завршено |
6 | Нормализација и подобрувања на дизајнот | Не е започнато |
7 | Напреден апликативен развој | Не е започнато |
Attachments (1)
- logo.png (158.1 KB ) - added by 3 years ago.
Download all attachments as: .zip