wiki:About

Version 1 (modified by 193230, 3 years ago) ( diff )

--

Целосен наслов на проектот:

Онлајн продавница за облека

Краток опис на проектот:

Универзална веб платформа која служи за онлајн продажба и купување на облека од модната компанија ShopaHolic. Платформата е достапна низ целиот свет и овозможува доставување насекаде. Системот опишува на кој начин работи компанијата со онлајн нарачки на производи. Клиентите можат да го разгледуваат онлајн каталогот и да ги видат достапните величини и дали производот е достапен моментално. Исто ке имаат можност производите кои сакаат да ги купуваат да ги стават во кошничка и да платат преку платежна картичка. Откако клиентите ке се регистрираат на нашата платформа со име и презиме, добиваат ID број и корисничко име. Вработените во компанијата ги добиваат нарачките и во зависност од тоа каква е нарачката се формира количината на порачаните производи и цената. Системот на компанијата ги процесира тие нарачки и ги испраќа на клиентите. Статусот на нарачка која го има компанијата го споделува и со клиентите. За компанијата се чуваат ID број, тел. Број, емаил адреса, физичка адреса, име и опис. За производите се чува ID, категорија, име, цена, величина и боја.

Детален опис на проектот:

ShopaHolic e веб апликација која служи како посредник на повеќе компании кои работат со продажба на облека на мало и големо. Одлична алатка која им ја олеснува работата на компаниите и на клиентите. Располага со голем асортиман на облека и достапна е за секој кој има пристап до интернет низ целиот свет. Корисниците на апликацијата можат да бидат најавени како:

  • Клиенти
  • Вработени

Клиентите, прво мора да се регистрираат во системот давајќи информации за нив како име, презиме, емаил, вметнуваат корисничко име и пасворд, а при регистрацијата добиваат user_id. Заедно со user_id, секој клиент добива и client_number, бројки кои се распределени според местото на живеење. По успешната регистрација, клиентот може да пристапи до онлајн продавницата, која има каталог во кој може да разгледува продукти за кои е заинтересиран и истите да ги внеси во кошничка. По завршување со претходниот чекор, доколку клиентот е решен да купува преку апликацијата, може да продолжи на чекорот со наплата. За да биде успешна наплатата, клиентот мора да вметне податоци за својата платежна картичка, и при успешно процесирање на истата, неговата порачка е завршена. Се чуваат податоци со id и кога е истата направена.

Вработените, се регистрираат на истиот начин како и клиентите, на ист начин добиваат и employee_number, кој служи за идентификација. Дополнително, секој вработен може да има повеќе улоги, но и немора, исто определени со број за идентификација, име на улогата и описот за истата. Доколку вработените сакаат да порачуваат од онлајн продавниците, ќе мораат да се регистрирааат како клиенти. Вработените имаат пристап до онлајн продавницата, за да ги процесираат нарачките кои пристигаат од клиентите, и вршат проверка дали се продуктите достапни.

Онлајн продавниците имаат свои идентификациски броеви, име, веб-адреса и контакт информации. Тие располагаат со продукти при што за секој продукт има посебен ID, име и дали е достапен во продавницата. Продуктите се распределени во категории, кои исто така имаат свои ID, но и дополнителни податоци за име на категоријата, боја, величина и quality_id со кое се идентификува составот на материјалот. Секој продукт мора да има цена, која може да се променува доколку има попуст, а за истата се чува исто ID како клуч и нејзината вредност.

За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

-Нашиот проект е наменет да претставува организација и истата ќе ја поседува базата на податоци и ќе ја обезбедува како сервис.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

-Лесен и брз начин на продажба на производите, во исто време и олеснат shopping за потрошувачите.

Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

-Вработените во нашата организација како и клиентите кои пристапуваат до нашите онлајн продавници се корисници кои обожаваат шопинг.

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

-Досега во нашата држава нема ваков проект,затоа сакаме да воведеме олеснат начин на купување на облека,кој спојува повеќе бутици од различен интерес на едно место.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

-Се работи за Веб апликација.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.