About: Smart Parking Management System
Членови на тимот
| Име и Презиме | Индекс | Улога |
| Симон Петров | 231203 | Координатор |
| Александар Ристов | 231252 | Член на тимот |
| Ангела Цветковска | 221001 | Член на тимот |
Краток опис на проектот
Smart Parking Management System претставува систем за управување со паркинг услуги во градска средина. Системот овозможува корисниците полесно да пронајдат слободно паркинг место, да направат резервација, да започнат паркинг сесија и да извршат плаќање. Базата на податоци содржи информации за корисници, возила, паркинг локации, паркинг места, зони, резервации, плаќања, казни и известувања. Целта на системот е да овозможи подобра организација и контрола на паркинг просторот, како и поефикасно управување со различни типови на паркинзи и катни гаражи.
Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институција/организација или поединец и краток опис на нивните потреби?
- Базата може да биде во сопственост на јавна институција, општина или приватна компанија која управува со паркинг простори и катни гаражи. Системот ќе им помогне да имаат подобра контрола врз паркинг местата, резервациите, плаќањата и казните.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?
- Системот ќе го реши проблемот со неорганизирано користење на паркинг простор, немање информации за слободни паркинг места, потешкотии при наплата и недоволна контрола на паркинг активностите. Дополнително, ќе се овозможи подобро следење на резервациите, плаќањата и прекршоците при паркирање.
Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институција или клиенти?
- Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:
- Администратор - има целосна контрола врз системот, додава нови паркинг локации, управува со корисници, цени, зони и казни.
- Вработен на паркинг - има пристап до активните паркинг сесии, резервации, наплата и проверка на паркинг места.
- Регистриран корисник - може да регистрира возила, да резервира паркинг место, да плаќа и да ја следи својата историја.
- Гостин корисник - може да прегледува достапни паркинг локации и цени без регистрација.
Ако има други слични идеи во иста фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?
- Постојат слични системи за управување со паркинг, но нашиот систем се разликува по тоа што поддржува управување со повеќе градови, зони, паркинг локации и катни гаражи во рамки на една база. Дополнително, системот овозможува резервации, известувања, казни и различни начини на плаќање.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
- Се работи за веб апликација.
