Changes between Version 1 and Version 2 of Репликација на мелодијата


Ignore:
Timestamp:
09/10/22 19:59:27 (2 years ago)
Author:
193279
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Репликација на мелодијата

    v1 v2  
    55Линк до гит репозиториумот:
    66https://github.com/Nikola-2000/Recreation-of-Rick-Astley/tree/Faza_2A
     7
     8Документација:
     9
     10Во оваа фаза воглавно беа користени “SuperCollider” и “FL Studio”. Повеќето од звуците беа ситетизирани со користење на “FL Studio”, самите спецификации ќе бидат нагласени соодветно. По нивната синтеза тие се семплирани и одсвирени со помош на виртуелен ситисајзер и копче за снимање на одсвирената мелодија. Три звуци беа синтетизирани само со “SuperCollider”, конкретно тоа се: ClapSynth.wav, LClapSynth.wav и KickSynth.wav. Има и неколку звуци кои се превземени готови од интернет.
     11За синтетизираните звуци во “FL Studio”:
     12Повеќето од Звуците се целосно синтезирани во програмата “FL Studio” предоминантно во “GMS” – напреден хибриден синтисајзер.
     13Bass.wav – Овој фајл го содржи басот на песната. Басот е направен со синусен бран и saw бран спуштен 2 октави од прво C. Синусниот бран служи за басот да се слуша на сите уреди (Бидејќи не сите уреди подржуваат толку ниска фреквенција). Главните карактеристики на басот е брзиот удар и потоа брзиот пад (Attack-Delay-Sustain-Release) брз атак – брз рилис. Исто така главна карактеристика е дисторзијата која служи за да се слуша на сите уреди.
     14Brass.wav, Passing brass.wav, Chorus strings.wav, Rhodes.wav – Превземено од Triton VST
     15Pad.wav – Овој фајл содржи мек тон што служи како позадина на Rhodes инструментот. Звукот е направен од синусен бран со ниско-пропусен филтер( Low-pass filter) со спор напад и долго испуштање на нотата. Таа ги свири истите акорди како Rhodes клавирот и има различен pan.
     16Verse SuperSaw.wav – Овој звук се користи во строфите (без рефрените). Направен е од 10 saw бранови со секој бран раштимани за многу мали центи (cents – unit of measure) за да се добие shrill звук.
     17Hi hat.wav – Hi hat дел од тапаните е синтетизирано со семпл од шум кој се пушта на секоја нова нота, и врз него синусен бран со брз удар и брз пад, покачен 3 октави.
     18Open Hat.wav – Open Hat дел од тапаните е направено исто како Hi Hat звукот, само зголемен е падот и  “sustain” – от.
     19Shaker.wav – Shaker дел од тапаните е на сличен начин синтетизирано како Hi Hat и Open Hat, само покачен е шумот, со брз пад и субтилна варијација на јачината на тонот за по вистинит звук.
     20Kick.wav – Kick Drum дел од тапаните е направено со синусен бран спуштен 2 октави, со брз напад и среден пад. Врз синусниот бран е додадено дисторзија за вештачко додавање на хармонии, и покачена е фреквенцијата помеѓу 20 и 50 херци за по силен удар,  и помеѓу 10 и 20 илјади херци за по чист тон.
     21Layered Clap.wav, Intro Toms.wav, Clap.wav – Превземени како еден удар од интернет и потоа аранжирано според потребите на песната.
     22За синтетизираните звуци во “SuperCollider”:
     23ClapSynth.wav – Овој звук е синтетизиран целосно во “SuperCollider”, целата на таа синтеза беше да звучи што повеќе на Clap.wav. Тоа е реализирано со преработка на кодот од последната лабараториска вежба, каде звукот е инициализиран во плеј функцијата, и потоа е дефиниран во соодветен бафер со две WhiteNoise функции и две енвелопи кои на крај се собираат со цел да се добие звук кој звучи сосема различен од самиот почеток до самиот крај, меѓутоа кој ги слеува двата звуци заедно, како ракоплескање, што беше и буквалната цел. По дефинирање на звукот, плеј функцијата се повикува во копчето мапирано на контролниот број 121. Се снима со притискање на копчето мапирано на контролниот број 119.
     24KickSynth.wav – Овој звук е синтетизиран целосно во “SuperCollider”, целата на таа синтеза беше да звучи што повеќе на Kick.wav. Тоа е реализирано со преработка на кодот од последната лабараториска вежба, каде звукот е инициализиран во плеј функцијата, и потоа е дефиниран во соодветен бафер со четири енвелопи за одредување на одредени карактеристики на три звуци, карактериситките се амплитуда и фреквенција. По што се собираат повторно така што се добива звук соодветен за одредување на ритамот на песната. По дефинирање на звукот, плеј функцијата се повикува во копчето мапирано на контролниот број 121. Се снима со притискање на копчето мапирано на контролниот број 119.
     25LClapSynth.wav – Овој звук е синтетизиран целосно во “SuperCollider”, целата на таа синтеза беше да звучи што повеќе на Layered Clap.wav. Тоа е реализирано со преработка на кодот од предходно ситетизираниот звук Clap.wav, каде звукот е инициализиран во плеј функцијата, и потоа е дефиниран во соодветен бафер со две WhiteNoise функции и две енвелопи кои на крај се собираат со цел да се добие звук кој наликува на оргиналниот меѓутоа се разликува во својата длабочина, како дисторзирано ехо на оргиналот. По дефинирање на звукот, плеј функцијата се повикува во копчето мапирано на контролниот број 121. Се снима со притискање на копчето мапирано на контролниот број 119.
     26Сите звуци се мапирани на соодветни дирки на виртуелниот синтисајзер. Мапираните дирки се разликуваат во тоа колку различни звуци се потребни во секој синтисајзер, меѓутоа сите почнуваат со првичната дирка на синтисајзерот и одат на десно.