wiki: Задача И.2: Методологија на развој

Version 6 (modified by 151543, 3 years ago) ( diff )

--

Методологија на развој: Extreme Programming

Сметам дека најсоодветна методологија за развој на КМ ситемот и форум подсистемот на TrackYourMedia би била Extreme Programming (XP). Една причина за тоа е што extreme programming методологијата е најпогодна за мали и средни бизниси/фирми и најпогодна за 2-12 девелопери, а барем на почетокот така ќе биде случајот со TrackYourMedia тимот, составен од 2 девелопери. Затоа што форумот е само дел од нашиот веб сајт и ќе биде систем чии елементи ќе бидат генерирани од самите корисници, односно ние како девелопери сме должни само да ги изработиме структурата и функционалностите на форумот, важно е да ги вклучиме и корисниците во овој процес. Ова е исто важно и потребно, заради тоа што extreme programming е дел од агилните методологии, процесот на развој на софтвер систем е итеративен и ги вклучува сите засегнатите страни, вклучувајќи ги и крајните корисници.

Ова значи дека форумот би се развивал во повеќе чекори, пред да стигне до финалната верзија и ќе може низ сите итерации да добиеме мислење од крајните корисници за како им се допаѓа истиот. При секоја итерација фокусот на extreme programming е дизајнот да биде што е можно повеќе едноставен и никогаш да се додаваат функционалности кои не се апсолутно потребни или не биле договорени на release planning и iteration planning состаноците пред почетокот на развивање на сегашната итерација. Заради релативната едноставност на форумот како подсистем, сметам дека секоја итерација би траела 1-2 недели. Зависно од функционалностите кои ќе треба да се имплементираат во таа итерација, времето потребно може да варира. Во првата верзија на форумот, може да биде направена само основната структура или функционалност, односно можноста да се направи пост на одредена тема и корисниците да може да одговараат на истата. Оваа верзија да биде пуштена за употреба од страна на сите корисници или да одбереме дел од корисниците на TrackYourMedia како тестери и консултанти, на кој работата ќе им биде до одреден период после завршување со секоја итерација да ја испробаат и да ги споделат нивните мислења за истите и кои функционалности сметаат дека треба да ги вклучиме понатаму и како да изгледа целата интеракција со подсистемот, преку емаил или доколку се согласат да учествуваат во состаноците преку некој видеоконференциски сервис. Со други зборови, да ни дадат user stories со цел да знаеме на што треба да работиме во следниот итеративен циклус и што да вклучиме во следната верзија на форумот.

Откако ќе биде потврдено од сите засегнати страни на што точно ќе се работи во моменталната итерација,мора да се извршат unit тестови пред да се започне со кодирање на моменталната итерација и да се пушти да се испроба од страна на корисниците кои се консултанти/тестери. Откако ќе стигнеме до последната итерација на форумот, и сме ги имплементирале сите user stories, треба да се спроведе функционално тестирање во кое ќе бидат вклучени консултантите корисници со цел да се одреди дали подсистемот е спремен да биде пуштен во продукција. Зависно од резултатите од тестирањето и мислењето на консултантите корисници за резултатите, ќе се одлучи дали подсистемот е спремен да биде пуштен во продукција.(1)

Генерален план за развој



User Story 1: Креира нова тема на форумот
User Story 2: Коментира на веќепостоечка тема
User Story 3: Брише коментар
User Story 4: Коментира на коментар на пост
User Story 5: Прикачува слика како коментар
User Story 6: Прикачува GIF како коментар
User Story 7: Става линк како коментар
User Story 8: Прикачува видео како коментар
User Story 9: Става like на коментар
User Story 10: Става dislike на коментар
User Story 11: Прави report на коментар
User Story 12: Сортирање на коментарите според датум на прикачување
User Story 13: Криење коментар на некој корисник
User Story 14: Става custom emoji како коментар
User Story 15: Поставување на анкета во коментар

Референци

(1) https://courses.finki.ukim.mk/mod/resource/view.php?id=98362

Attachments (2)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.