wiki: Избор на софтверски систем

Version 11 (modified by 151543, 3 years ago) ( diff )

--

Разгледувани решенија

Odoo – претставува пакет на open-source софтверско решение кое работи во облак и ги покрива сите наши потреби: CRM,форум,регистрирање корисници,податоци на регистрирани корисници, изградба на веб страница, датабаза, можност за претплата и плаќање. Го избравме ова софтверско решение затоа што цената е мала во споредба со другите. Користи Python, scripting, PostgreSQL, DBMS. Најголема предност е тоа што има проширена архитектура. И сметаме дека ова софтверско решение ни дава поголема флексибилност и подобро ги исполнува нашите потреби.

Epesi – претставува веб базирана апликација, која работи во облак и е open-source. Сите податоци и апликациски скрипти се чуваат на сервер, дури и избришаните податоци се чуваат, сокриени од корисниците, но никогаш не се избришани од датабазата. Има модуларна архитектура и сите модули се напишани користејќи Epesi framework. Ги исполнува следните наши потреби: регистрација на корисници, складирање на информации, можност за извршување на плаќање.

Zoho - претставува веб базирана апликација, која работи во облак. Таа дозволува развивање на веб апликација, но голем фокус дава на CRM. Нуди поддршка за различни страни од бизнисот, како: продажба,маркетинг,екомерц,поддршка на клиенти преку тикети и live chat.Исто така поддржува оленување на процесот на менаџирање со исплата на плати, претплати и други финансиски услуги. Понатаму има поддршка за управување со човечки ресурси, склучување на договори, колаборација помеѓу вработени и различни услуги за полесно менаџирање со различни ИТ функционалности. Но, причината заради која не го одбравме е затоа што е софтвер за кој треба да се плати.

Функционалности Odoo Epesi Zoho
Регистрација на корисници Да Да Да
Форум Да Не Не
Изградба на веб страна Да Да Да
Датабаза Да Да Да
CRM Да Да Да
Mожност за претплата Да Да Да
Mожност за плаќање Да Да Да
Креирање листи Да Да Не
Оценување на мултимедија содржини Не Не Не

Опис на избраното решение
Цената за избраното софтверско решение Odoo зависи од кои модули ќе изберете/користите и која верзија ќе ја употребувате. Цената може да варира од 100 евра па се до 7821 евро, кои може да ги плаќате на годишно ниво, или месечно на рати. Лиценцата се однесува на соласност за начинот на користење, обврска за bug fixing,security update сервиси, како и согласност за начинот на хостирање на облак, доколку изберете да биде хостиран.Odoo нуди многу функционалности како:




Мини упатство за инсталација и пристап до демо

Odoo може да се користи и пристапи на повеќе начини.

Демо верзијата, која ние ја користевме, е најлесна за пристап, со тоа што само се прави корисничка сметка и се кликнува на кошчето Try it Free!. После тоа само одбирате кои од многуте модули кои што ги понудува Odoo сакате да ги испробате и тоа е тоа.

Потоа постои и SaaS, која истотака не е потребно да се инсталира локално, туку е достапно онлајн и ист е начинот на употреба. За разлика од демо верзијата со оваа верзија може и да испробате модули, но и целосно да биде пуштен во употреба системот.

Потоа постојат и Community i Enterprise editions, кои што можат да се превземат локално и да се искористат за изградба на систем, како и развивање на модули кои потоа може да ги искористите. Odoo нуди packaged installers за инсталација на сите зависности за повеќе оперативни системи. Се што треба да направите е да го превземете инсталатерот, да го притиснете фајлот, да се прифатат термините за UAC(User Account Control) и потоа да се поминат различните чекори низ кои ќе ве води инсталатерот. На крајот од сетоа ова Odoo автоматски ќе се стартува.

Линк до презентацијата

https://docs.google.com/presentation/d/1OkWnHvweLWPQdp1ybd1t_8Q7hfwwQ_R1/edit?usp=sharing&ouid=115498670652055500944&rtpof=true&sd=true

Attachments (6)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.