Version 15 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
Разгледувани решенија
Odoo – претставува пакет на open-source софтверско решение кое работи во облак и ги покрива сите наши потреби: CRM,форум,регистрирање корисници,податоци на регистрирани корисници, изградба на веб страница, датабаза, можност за претплата и плаќање. Го избравме ова софтверско решение затоа што цената е мала во споредба со другите. Користи Python, scripting, PostgreSQL, DBMS. Најголема предност е тоа што има проширена архитектура. И сметаме дека ова софтверско решение ни дава поголема флексибилност и подобро ги исполнува нашите потреби.
Epesi – претставува веб базирана апликација, која работи во облак и е open-source. Сите податоци и апликациски скрипти се чуваат на сервер, дури и избришаните податоци се чуваат, сокриени од корисниците, но никогаш не се избришани од датабазата. Има модуларна архитектура и сите модули се напишани користејќи Epesi framework. Ги исполнува следните наши потреби: регистрација на корисници, складирање на информации, можност за извршување на плаќање.
Zoho - претставува веб базирана апликација, која работи во облак. Таа дозволува развивање на веб апликација, но голем фокус дава на CRM. Нуди поддршка за различни страни од бизнисот, како: продажба,маркетинг,екомерц,поддршка на клиенти преку тикети и live chat.Исто така поддржува оленување на процесот на менаџирање со исплата на плати, претплати и други финансиски услуги. Понатаму има поддршка за управување со човечки ресурси, склучување на договори, колаборација помеѓу вработени и различни услуги за полесно менаџирање со различни ИТ функционалности. Но, причината заради која не го одбравме е затоа што е софтвер за кој треба да се плати.
Функционалности | Odoo | Epesi | Zoho |
---|---|---|---|
Регистрација на корисници | Да | Да | Да |
Форум | Да | Не | Не |
Изградба на веб страна | Да | Да | Да |
Датабаза | Да | Да | Да |
CRM | Да | Да | Да |
Mожност за претплата | Да | Да | Да |
Mожност за плаќање | Да | Да | Да |
Креирање листи | Да | Да | Не |
Оценување на мултимедија содржини | Не | Не | Не |
Опис на избраното решение
Цената за избраното софтверско решение Odoo зависи од кои модули ќе изберете/користите и која верзија ќе ја употребувате. Цената може да варира од 100 евра па се до 7821 евро, кои може да ги плаќате на годишно ниво, или месечно на рати. Лиценцата се однесува на соласност за начинот на користење, обврска за bug fixing,security update сервиси, како и согласност за начинот на хостирање на облак, доколку изберете да биде хостиран.Odoo нуди многу функционалности како:
Мини упатство за инсталација и пристап до демо
Odoo може да се користи и пристапи на повеќе начини.
Демо верзијата, која ние ја користевме, е најлесна за пристап, со тоа што само се прави корисничка сметка и се кликнува на кошчето Try it Free!. После тоа само одбирате кои од многуте модули кои што ги понудува Odoo сакате да ги испробате и тоа е тоа.
Потоа постои и SaaS, која истотака не е потребно да се инсталира локално, туку е достапно онлајн и ист е начинот на употреба. За разлика од демо верзијата со оваа верзија може и да испробате модули, но и целосно да биде пуштен во употреба системот.
Потоа постојат и Community i Enterprise editions, кои што можат да се превземат локално и да се искористат за изградба на систем, како и развивање на модули кои потоа може да ги искористите. Odoo нуди packaged installers за инсталација на сите зависности за повеќе оперативни системи. Се што треба да направите е да го превземете инсталатерот, да го притиснете фајлот, да се прифатат термините за UAC(User Account Control) и потоа да се поминат различните чекори низ кои ќе ве води инсталатерот. На крајот од сетоа ова Odoo автоматски ќе се стартува.
Mожности за прилагодување на решението
1. Можност за повеќејазичност
2.Дата Миграција
Користејќи го овој модул, можете да ги префрлите вашите податоци од стариот систем во базата на податоци на Odoo без RESTAPI користејќи директна врска со базата на податоци. Овој модул ќе го изврши процесот на миграција на професионален начин користејќи објекти на моделот, покрај тоа, можете да ги користите и двата системи (вашиот тековен систем и Odoo) заедно со синхронизирање на Odoo со вашиот стар систем, ова може да се направи со дефинирање на работните задачи за миграција. да ги копирате клиентите\продавачите\производите\inices\.. податоците во odoo врз основа на дејствата на распоредот на Odoo.
3.Автентификација
Two-factor authentication(„2FA“) е добар начин да се подобри безбедноста на сметката, за да се намали веројатноста дека друго лице ќе успее да се најави наместо вас. Практично, тоа значи складирање на тајна во автентикатор (обично вашиот мобилен телефон) и размена на код од автентикаторот кога се обидувате да се најавите. Ова значи дека напаѓачот треба и да ја погоди (или најде) вашата лозинка и да пристапи (или украде) до вашиот автентикатор, што е потежок предлог од едниот или другиот.
4.Опционални модули за дополнителни функционалности
-Odoo е ERP платформа со отворен код напишана во Python, која вклучува и модул за градење веб-страници.Постојат над 35 основни Odoo модули или odoo апликации, кои покриваат широк спектар на деловни функции, од производство, инвентар и сметководство, до продажба, е-трговија, човечки ресурси итн. Како клиент, ова ви дава многу моќ во вашата имплементација. Можете да ги изберете апликациите кои се најрелевантни за вашиот бизнис и да ги купите и имплементирате. Сите модули работат функционално заедно, давајќи ви пристап до еден кохезивен ERP систем. Не само што odoo апликациите го прават Odoo лесен за користење, туку го прави и исплатлив бидејќи ги избирате само модулите што се потребни за вашата компанија. Понатаму, можете да поставите правила за пристап, така што вработените имаат пристап само до деловите релевантни за нив (на пр., маркетингот има пристап до маркетинг модулите, продавачите до продажбата, сметководителите до сметководството итн.). Ова ја подобрува безбедноста на вашиот систем. Server-side Programming Language:Python Client-side Programming Language:JavaScript
Линк до презентацијата
Attachments (6)
- Screenshot_1.jpg (95.6 KB ) - added by 3 years ago.
- Screenshot_2.jpg (9.0 KB ) - added by 3 years ago.
- Screenshot_5.jpg (84.4 KB ) - added by 3 years ago.
- datamigration.PNG (208.7 KB ) - added by 3 years ago.
- datamigration.jpg (59.1 KB ) - added by 3 years ago.
- multilanguage.jpg (38.5 KB ) - added by 3 years ago.
Download all attachments as: .zip