wiki: Избор на софтверски систем

Version 3 (modified by 151543, 3 years ago) ( diff )

--

Разгледувани решенија

Odoo – претставува пакет на open-source софтверско решение кое работи во облак и ги покрива сите наши потреби: CRM,форум,регистрирање корисници,податоци на регистрирани корисници, изградба на веб страница, датабаза, можност за претплата и плаќање. Го избравме ова софтверско решение затоа што цената е мала во споредба со другите. Користи Python, scripting, PostgreSQL, DBMS. Најголема предност е тоа што има проширена архитектура. И сметаме дека ова софтверско решение ни дава поголема флексибилност и подобро ги исполнува нашите потреби.

Epesi – претставува веб базирана апликација, која работи во облак и е open-source. Сите податоци и апликациски скрипти се чуваат на сервер, дури и избришаните податоци се чуваат, сокриени од корисниците, но никогаш не се избришани од датабазата. Има модуларна архитектура и сите модули се напишани користејќи Epesi framework. Ги исполнува следните наши потреби: регистрација на корисници, складирање на информации, можност за извршување на плаќање.

Zoho - претставува веб базирана апликација, која работи во облак. Таа дозволува развивање на веб апликација, но голем фокус дава на CRM. Нуди поддршка за различни страни од бизнисот, како: продажба,маркетинг,екомерц,поддршка на клиенти преку тикети и live chat.Исто така поддржува оленување на процесот на менаџирање со исплата на плати, претплати и други финансиски услуги. Понатаму има поддршка за управување со човечки ресурси, склучување на договори, колаборација помеѓу вработени и различни услуги за полесно менаџирање со различни ИТ функционалности. Но, причината заради која не го одбравме е затоа што е софтвер за кој треба да се плати.

Attachments (6)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.