Version 1 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
==МЕТОДОЛОГИЈА НА РАЗВОЈ== Методологијата за развој на софтвер во софтверското инженерство е рамка што се користи за структурирање, планирање и контрола на процесот на развој на информацискиот систем. Како најсоодветна методологија за развој на овој проект, би ја одбрала агилната методологија со акцент на Scrum принципот, пред се поради тоа што споредено со останатите методи е пошироко применет врз развојот на проектите во софтверски компании како и заради специфичноста на начинот на кој е организиран и се одвива развојниот процес и интегрираните развојни средини каде истиот се користи. Агилните методологии имаат итеративен пристап кон развој на софтвер. За разлика од директен линеарен модел на водопади, агилните проекти се состојат од голем број помали циклуси т.е спринтови. Секој од нив е проект во минијатура: има заостаток и се состои од фази на дизајнирање, имплементација, тестирање и распоредување во рамките на претходно дефинираниот обем на работа. Scrum методологијата за развој на софтвер вклучува доделување на три основни улоги:
Сопственик на производ (Product owner) - Овој елемент поврзува клиентот и развивачите. Задачата е да се зголеми вредноста на производот. Scrum-администратор - Отстранува пречки, тренира и го мотивира тимот за развој, му дава секаква можна поддршка. Развоен тим - Група луѓе кои работат директно на креирање на производот.
Scrum методологијата е насочена кон добивање квалитетен производ. Значи, точната секвенца на активности е важна, и тоа:
Сопственикот на производот (Product owner) ги прима сите воведни информации со создавање на лог на производот. Прикажува сè што е потребно за успешно реализирање на проектот, односно функции, карактеристики и описи.
Содржината на логот се анализира од тимот за развој и се проценува комплетноста на собраните информации. Една нова верзија на производот се објавува во рок од 1-4 недели. Времетраењето на развојот на новата верзија е обично постојано во текот на целиот животен век на производот.
Анализата се изведува секој ден додека се креира верзијата на работниот продукт со цел да се идентификуваат пречките, да се утврди статусот и да се смени стратегијата. По завршувањето на развојот, се оценува ефикасноста на тимските активности и се прави прогноза за нивната ефикасност во иднина.
Карактеристики на Scrum:
Oдговара на проекти кои постојано и брзо се менуваат бидејќи има чести состаноци кои го ревидираат производот; Процесот, исто така, е генерално поколактивен како резултат на самоорганизираните тимови и членовите; Една од главните компоненти на Scrum е итеративниот процес што сочинува агилна методологија, но начинот на кој се управува е различен. Scrum обезбедува редовни состаноци кои му помагаат на клиентот и тимот брзо да дискутираат каде се во проектот и што ќе прават следно. Ова не само што го подобрува фокусот и производството, туку гарантира дека повратните информации и промените се константни, што резултира во финалниот производ свесно да ги исполни очекувањата, со тоа и да ги намали отпадот и работната сила. Животниот циклус на овој информациски систем поминува низ шест фази, и тоа:
Фаза 1 - Концепт: во оваа фаза се врши предвидување и приоретизација на работите т.е дефинирање на бизнис можноста каде што се врши истражување на тоа како новата функционалност ќе го подобри присуството на компанијата во пазарот, како тоа ќе влијае на профитабилноста и вработените во компанијата.
Фаза 2 - Основање: тимот се составува, се воспоставува фонд и се дисктутираат и одлучуваат сите основни барања. Во оваа фаза, исто така се врши проценка на иницијалните барања, архитектурата и вештините на тимот каде што оваа проценка ќе се развива во текот на целиот проект.
Фаза 3 - Итерација / Конструкција: тимот на проектот запошнува да работи на развој на проектот фокусирајќи се на итерациските барања и повратни информации со цел да се стигне што поблиску до корисничките барања. Проектниот план вклучува критериуми за успех, проценка на ризик, проценка на потребните ресурси и фазен план што покажува распоред на главните пресвртници. На крајот на секој развојен циклус / итерација потребно е делумно работно решение која ќе биде деплоирана во пре-продукција.
Фаза 4 - Транзиција: оваа фаза се завршува со следење на следните чекори: тестирање на системот од страна на QA тимот, адресирање на некои дефекти, финализирање на системот и документација. Откако ќе се поминат овие фази, крајниот продукт може да оди во продукција.
Фаза 5 - Продукција: целта на оваа фаза е да го оддржи системот корисен и продуктивен.
Фаза 6 - Пензионирање: За време на фазата на пензија се отстранува системот од продукција, обично кога истиот треба да се замени со нов или кога системот станува излишен, застарен, или спротивно на деловен модел.