wiki:СТУДИЈА НА ИЗВЕДЛИВОСТ

Version 1 (modified by 153135, 3 years ago) ( diff )

--

СТУДИЈА НА ИЗВЕДЛИВОСТ

Анализата за изводливост го оценува потенцијалот на проектот за успех. 1. Техничка изводливост

Оваа проценка се фокусира на техничките ресурси што им се достапни на организацијата. Им помага на организациите да утврдат дали техничките ресурси ги исполнуваат капацитетите и дали техничкиот тим е способен да ги претвори идеите во работни системи. Техничката изводливост исто така вклучува и проценка на хардверот, софтверот и другите технички барања на предложениот систем. TrackYourMedia проектот е web базиран. Главните технологии и алатки поврзани за овој проект се следниве: HTML, CSS, PostgreSQL, JavaScript, алатки за цртање диаграми ( Microsoft Project, Visio, Draw.IO). Секоја од технологиите е слободно достапна и потребните технички вештини се управливи. Временските ограничувања на производот и едноставноста за спроведување со користење на овие технологии се синхронизираат.Апликацијата треба да е компатибилна на Android и iOS уреди.Од оваа гледна точка, овој проект е технички изводлив. 2. Економска изводливост

Оваа проценка вклучува анализа на трошоците како и придобивките од проектот, помагајќи ни да утврдиме одржливост, трошоци и придобивки поврзани со проектов пред да се распределат финансиските ресурси. Таа, исто така служи како независна проценка на проектот и го зајакнува кредибилитетот на проектот - помагајќи им на носителите на одлуки да ги утврдат позитивните економски придобивки за организацијата што ќе ја обезбеди овој проект. TrackYourMedia е предвиден да биде завршен за 4 месеци, за кој се потребни три web развивачи, со , со придонеси од 1200 ЕУР на месечна основа во времетраење од 2 месеци и еден развивач на база на податоци со придонеси од 800 ЕУР на месечна основа, исто така 2 месеци. Овие би биле основните трошоци се до имплементација на финална верзија на апликацијата. За управување на проектот ќе се користи JIRA која е бесплатна до 10 корисници – што значи дека нема да има дополнителни трошоци.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.