| 5 | Имаме направено истражување на пазарот, и пронајдовме слични системи, но истите се фокусирани на поконкретни делови од мултимедијалната индустрија, односно сервисираат т.н niche група на луѓе. После анализа на нивните системи, сметаме заради нашиот фокус на сите видови на мултимедијални содржини и литература, ќе придонесе за позначителен број на корисници. |
| 6 | |
| 7 | **1.1 Purpose** |
| 8 | |
| 9 | Целта на овој бизнис случај е да се одреди колку е исплатливо изградбата на сервис TrackYourMedia и зашто сметаме дека е добра бизнис идеја. Тука подразбираме колку ќе бидат корисни сите функционалности кои ги наведовме во визијата за корисниците, во споредба со останатите сервиси кои понудуваат слични функционалности или дел од нив. |
| 10 | |
| 11 | **1.2 Scope** |
| 12 | Бизнис случајот се однесува само на веб апликацијата TrackYourMedia и нејзината мобилната апликација. Со бизнис случајот се надеваме дека ќе изложиме доволно добро и издржани аргументи за да поттикнеме потецијални инвеститори, да инвестираат во нашиот сервис. |
| 13 | |
| 14 | **1.3 Definitions, Acronyms, and Abbreviations** |
| 15 | -Веб апликација - претставува верзијата на сервисот на која ќе може да се пристапи од веб пребарувач. |
| 16 | -Мобилна апликација - претставува верзијата на сервисот на која ќе може да се пристапи од било кој паметен уред(најчесто паметен телефон или таблет). |
| 17 | -Мултимедијални содржини - тука подразбираме филмови и серии. |
| 18 | -Мултимедијални литература - тука подразбираме стрипови и книги во дигитална верзија. |
| 19 | |
| 20 | **1.3 Overview** |
| 21 | Во остатокот од документот ќе бидат опишани продуктот односно сервисот,бизнис контекстот, целите на продуктот односно сервисот, предвидување на заработка и трошоци, и некои ограничувања. |
| 22 | |
| 23 | **2.0 Product Description** |
| 24 | |
| 25 | Проблемот кој сакаме да го решиме е тешкотијата на запамтување на прочитани книги,стрипови, гледани серии, филмови во денешниот свет каде сме преплавени со нови мултмедиални содржини и литература секоја година. Исто така луѓето често сакаат да ги споделуваат своите мислења за омилените серии и филмови, односно да дискутираат за истите, да ги споделуваат своите искуства, да препорачуваат книги или серии на нивните пријатели итн. Затоа сметаме дека систем кој ќе овозможи креирање на персонална сметка каде што ќе може да се додаваат конзумирани содржини, содржини кои планираат да ги конзумираат во иднината, како и веќе започнати, од веќе понудена листа, во сопстевена листа. Содржините кои ќе се наоѓаат во персоналната листа ќе содржат информации како мислење на корисникот за истата и како ја оценил. |
| 26 | |
| 27 | **3.0 Business Context** |
| 28 | |
| 29 | Овој систем односно сервис, како домен ја има забавната индустрија. Целната публика или корисници ќе ни бидат оние луѓе кои се обожаватели на било која од формите на мултимедијални содржини или литература, а и луѓето кои што сакаат да се опуштат после напорен ден со омилената серија,книга или филм итн. Продуктот е наменет за комерционална употреба, односно е комерцијален продукт слично како MyAnimeList. |
| 30 | |
| 31 | **4.0 Product Objectives** |
| 32 | |
| 33 | Целите на развивање на овој продукт е да им овозможиме на корисниците околина во која ќе може да ги споделуваат своите мислења за истите со други корисници или луѓе кои не се корисници на нашиот сервис, на поедноставен начин, со цел да се направи целиот процес на креирање на листа на гледани или прочитани содржини,листа на планирани содржини за гледање или читање и споделување што е можно побрз. Во првите 6 месеци ќе се погрижиме да ја дефинираме структурата на главниот дел од сервисот кој се фокусира на алатките за креирање на листите. Во наредната година после тоа ќе работиме на добивање на правата за лиценцирање на почетните содржини кои ќе бидат дел од нашиот каталог(односно дата база) на понудени содржни за додавање во персоналните листи и за кои ќе се споделува мислења. После тоа ќе се погрижиме за равивање на останатите функционалности како што се форум за дискусија, оставање на коментар за содржина, рејтинг на секоја содржина(филм,серија,книга,стрип),споделување на листите и агрегација на оценките за содржина. Потоа во период од 6 месеци ќе ја равиваме мобилната апликација. Ризиците кои можат да го променат овој распоред се периодот потребен за добивање на лиценци за содржините и времето потребно за решавање на проблеми при развитокот на веб и мобилната апликација. |
| 34 | |
| 35 | **5.0 Financial Forecast** |
| 36 | |
| 37 | За остварување на профит ќе имаме два извори. Тоа се издавање на рекламен простор и опција за месечна или годишна претплата со цел на тргање на рекламите и отклучување на дополнителни функции на системот. Заради ова, како и претходно споменатиот план за развивање на веб страница како и верзија на системот прикладна за паметните дигитални уреди, сметаме дека ќе имаме доволно голем профит за да им се исплати било колкава инвестиција од страна на потенцијалните инвеститори, и да имаме и ние доволно останато за покривање на други трошоци( како што се плати,работен простор, канцелариски материјали, сервери итн.). Сметаме дека системот ќе биде операционен во рок од 2 години, а ќе оствариме повраток на инвестиција во првите 5 години од завршување со системот и зголемување на заработката во период од 6 години од завршување на ситемот. Во првите пет години очекуваме профит од 2 милиони евра, а во 6-тата година да се зголеми на 2.5 милиони евра, а понатаму да се зголемува со стабилна стапка. |
| 38 | |
| 39 | **6.0 Constraints** |
| 40 | |
| 41 | Сметаме дека ќе имаме можни ограничувања во поглед на добивање на лиценца, односно дозвола за хостирање на информации за секој од мултимедијалните содржини, како и информации за потврдени серии,филмови итн кои што ќе излегуваат во наредниот период од неколку месеци. Друго ограничување ќе ни биде брзината и успешноста на привлеување на нови корисници на нашиот сервис. Поврзано со процесот на добивање на лиценци, од технолошки аспект ќе биде и креирањето и проширувањето на датабазата со содржини, која ќе биде достапна за корисниците. |
| 42 | |