wiki:softresenie

Version 1 (modified by Stefan Dzalev, 6 years ago) ( diff )

Софтверско решение Зa TrainTraveller

Софтверско решение Зa TrainTraveller

 ТИМ

  • Стефан Ѕалев
  • Бодан Ѓозински

 РАЗГЛЕДУВАНИ РЕШЕНИЈА

  • При барањето на готово решение за нашиот систем блавните специфики коишто ги гледавме кај системите беа да се со отворен код, да се бесплатни, да можеме успешно да ги симнеме и хостираме локално на лаптоп. Во текот на пребарувањето наидовме на многу решенија (особено на sourceforge.com) коишто содржат голем број грешки, немаат соодветна документација итн. (Пример за вакво, најдено решение е Kashipara – busreservation).

 ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ

  • Attendize (https://www.attendize.com/) - решение првично наменето за резервација за настани кое сметаме дека лесно може да се прилагоди и да стане систем наречен TrainTraveller
  • Функционалностите коишто ги нуди Attendize покриваат повеќе од половина од use case-ите коишто ги наведовме во текот на овој проект. Дополнително, Attendize нуди добра статистичка прегледност, ограничување на број на карти, pdf извештаи, принтање на карти, респонзивен дизајн итн.
  • Attendize е направен со PHP со Laravel framework-от што e MVC, за демо презентацијата ќе користиме MySQL база на податоци. Верзијата што ние ја користиме е направена во 2012 година. Побарувањата за овој систем се PHP>=5.5.9, OpenSSL PHP extension, PDO PHP Extension (за PostreSQL), Mbstring PHP Extension, Tokenizer PHP Extension, Fileinfo PHP Extension, GD PHP Extension
  • За инсталација треба само да се отпакова .zip фолдерот и внатрешноста да се стави на веб сервер. Особено важно е следните директориуми да овозможат привилегии за запишување Storage/app/, Storage/framework/, Storage/logs/, Storage/cache/, bootstrap/cache/, и датотеката со екстензија .env. Пред да започне инсталацијата потребно е да се направи базата на податоци (без никакви табели, само празна база во PostgreSQL или MySQL). Во browser ја пишуваме адресата до сајтот, и додаваме /install на крајот и се отвора страница каде што се внесува адреса на сајтот, адреса на базата на

податоци, mail driver итн. Откако ќе заврши ова апликацијата доаѓа со функционалност која при инсталација ги креира табелите во базата и со тоа апликацијата успешно може да функционира.

  • Најважните побарувања ова решение ги исполнува, односно ова решение ги исполнува барањата за продажба и купување на билети со понуда и обични, додавање на вработени, преглед на статистики, принтање на билети. Побарувања/функционалности коишто треба да се доработат се корисничките профили на патниците. Ова решение не нуди профили за патниците. И на некој начин проблем е тоа што секој ден треба вработените да прават нов “настан”, односно секој ден треба да внесуваат во системот секоја од линиите за тој ден за да можат патниците да купуваат карти за нив. Сметаме дека овој процес би можел лесно да се автоматизира. Проблем е исто така што нема можност за мобилна апликација, но сајтот има респонзивен дизајн што сметаме дека не би било проблем за тие што сакаат да купуваат билети преку мобилни уреди
  • Со тоа што системот е направен во Laravel имплементација на повеќејазичност не би било проблем со тоа што потребен би бил превод на текстот во системот. Овој систем нема никакви ограничувања од аспект на поврзување со други системи за пренос на податоци, нешто што ни дојде како идеја во текот на проучувањето на ова решение е поврзување со некакво API од веќе постоечки систем на МЖТ од кадешто би ги земале линиите и би можеле автоматски да ги додаваме на нашиот систем. Како нешто дополнително што би можеле да имплементираме на овој систем е ElasticSearch база на податоци.
  • Дополнително да се нагласи дека ова решение не содржи мобилна апликација, која ќе треба да се изработи. Дополнително, не поддржува валидација на карти која исто така треба да се изработи со посебно внимание кое вклучува и моменти кога не би работел уредот за валидација на кондуктерот, детекција на измами итн.
Note: See TracWiki for help on using the wiki.