wiki:zadaca1bodangjozinski

Version 1 (modified by Bodan Gjozinski, 6 years ago) ( diff )

--

1. Дефинирање на проектот

Како и секое успешно претприатие така и МЖТ има потреба од систем кој менаџира со знаење. Поточно систем кој собира релевантно знаење и го става на располагање кога е потребно, воедно пружајќи подршка за бизнис процеси и управувачки одлуки. Преку поврзување на фирмата и нејзиното интерно знаење со надворешни извори на знаење. Овој систем таканаречен KMS претставува еден дел од системот Train Traveller. Опфакајќи ги услугите види возен ред, види локација на воз и преглед на статистики од Train Traveller. KMS системот на Train Traveller подржува процеси за:

1.складирање на знаење
2.спојување на знаење
3.процесирање на знаење
4.прикажување на знаење


1. Складирање на знаење е еден од главните процеси на кој било систем за менаџирање со знаење. Тој овозможува локално и безбедно чувување на знаење, кое подоцна ќе биде користено од сите други процеси на системот. Знаењето (податоците) се складираат во релациони датабази кои се стандард за ваков тип на структурирани податоци. Воглавно се складираат податоци за поединечни возови, колку патници се возеле, времето на поаѓање и пристигнување, почетната и крајната дестинација, попатните дестинации, типот на возот експресен или стандардедн, бројот на вагони и слично.

2. Спојување на знаење е процес при кој локалното знаење се комбинира со други извори на знаење со цел да се добие ново знаење. Во случајот на Train Traveller преку овој процес би можеле да ја утврдиме причината зошто на одредени денови бројот на патници е намален или зголем. Зошто одредени билети со понуди се популарни или непопуларни. На кои датуми бројот на патници е најголем, а на кој најмал, дали е тоа пред празници, пред кои точно празници.

3. Процесирање на знаење е најбитниот процес во секој KMS. Преку овој процес системот може да го користи знаењето и да носи одлучи според него. Во процесирање на знаењето се подразибра испрашување на податоците според одредени параметри. KMS за Train Traveller има автоматско процесирање на знаење, но поддржува и мануелно внесување на испрашувачки параметри. Како автоматско процесирање се подразбира добивање на годишни и месечни извештаи за сите возови во соодветната категорија.

4. Прикажување на знаење е процесот кој овозможува визуелен приказ на резултатите од спојувањето и процерирањето на знаењето. Во вид на листи, табели, дијаграми во зависност од која опција е одбрана.


KMS на Train Traveller ги овозможува следните услуги, поделени во два дела, според нивната достапност на соодветните корисници:

A. Управувачки / Администраторски услуги:
1) Поставување и ажурирање на возен ред
2) Поставување и ажурирање на локација на воз
3) Преглед на статитики
4) Предлог акција

B. Патнички услуги:
1) Види возен ред
2) Види локација на воз

А.1 Поставување и ажурирање на возен ред му овозможува на одговорниот за возен ред, линии и вагони да го постави возниот ред за одреден ден. Вклучувајќи ги и поставувањето на бројот на вагони за одреден воз, типот на патнички карти за одреден воз, типот на возот и неговото време на поаѓање. Доколку во текот на денот дојде до одредени измени одговорниоот за возен ред има опција да го ажурира возниот ред. Оваа услуга ја овозможува процесот на складирање на знаење.

А.2 Поставување и ажурирање на локација на воз е автоматизирана услуга на KMS на Train Traveller која ја постатувава почетната станица на возот како негова локација. Со секое чекирање на возот на следна станица, системот ја ажурира неговата локација. Оваа услуга има и опција за мануелно поставување на локација, во случај на застој или расипување на возот. Оваа услуга ја овозможува процесот на складирање на знаење.

А.3 Преглед на статистики е автоматизирана услуга на системот која му овозможува на одговорниот за возен ред, линии и вагони графички или табеларно да ги види статистиките за одредени линии, возови на одредени датуми. Одговорниот за возен ред има опција да одбере кои статистики сака да ги прегледа односно дали сака да види колку патници се возеле во специфичен воз или во цел месец. Која линија превезува најмногу патници, кои возови и кога имале најголем број на патници и слично. Оваа услуга ја овозможуваат процесите за процесирање знаење и прикажување знаење.

А.4 Предлог акција е главната услуга на KMS на Train Traveller. Оваа услуга автоматски или мануелно му предложува одредена акција на одговорниот за возен ред, линии и вагони. Најчестиот предлог се однесува на зголемување или намалување на бројот на вагони за одреден воз. Автоматизиран е процесот на предложување за зголемување или намалување на точниот број на вагони за време на празници. Додавање на вагон во деновите пред и по празникот, а намалување на бројот на вагони за време на празникот кога статистички бројот на патници е намален. Мануелниот дел од услугата се реализара преку внесување на одредени параметри како типот на возот, линијата на возот и датумот и времето на поаѓање според кои системот би дал предлог за колку вагони се потребни за тој воз. В.1 Види возен ред е услуга која му овозможува на патникот да го види возниот ред за одредена дестинација на одреден датум. В.2 Види локација на воз е услуга која му овозможува на патникот да ја види локацијата на одреден воз, како и приближното време на пристугнување на возот.

1.1 Избор на готов софтвер за КМС
Готовото софтверското решение за КМС на Траин Травеллер треба да ги содржи барем главните процеси на КМС. Како складирање, процесирање и прикажување на знаење. Доколку решението не ги содржи сите процеси и услуги кои КМС за Траин Травелер ги нуди, пожелно е софтверот да е од тип Опен-Соурце. Јас пронајдов еден софтвер кои ги задоволуваат овие услови и уште еден кој задоволуваат само дел од условите.

A. OpenKM Knowledge Management [3]

OpenKM е софтвер за управување со содржини на претпријатија, честопати нарекуван систем за управување со документи (DMS). OpenKM е решение за управување со што им овозможува на претпријатијата да го контролираат производството, складирањето, управувањето и дистрибуцијата на електронските документи. OpenKM е софтвер за управување со документи кој ги интегрира сите основни документи за управување, соработка и напредна функционалност за пребарување во едно лесно за употреба решение.
Главни карактеристики на OpenKM

  • Контролирајте ја содржината на претпријатието.
  • Собирајте информации од кој било дигитален извор.
  • Функции за управување со содржини на претпријатија.
  • Управување со документи.
  • Работни процедури за разгледување, одобрување и валидација.
  • Поддршка за сериски и паралелни работни процеси.
  • Ги следи работните задачи, статусот и процесот.
  • Конфигурирани известувања за пошта.


Интеграција

OpenKM претпријатието за управување со документи обезбедува интероперабилна платформа за капитализирање на ресурсите низ апликациите и складиштата ширум претпријатието.

  • OpenKM SDK за Java, .Net и PHP.
  • Користење на API за SOAP и REST API на веб-сервиси.
  • Идентификацијата е подложна и е лесна за употреба надворешна корисничка база на податоци, LDAP или Active Directory, SSO и CAS.
  • Дури и складиштето на податоци може да биде конфигурирано да биде распоредено во било која база на податоци како MySQL, PostgreSQL, Oracle или SQL Server.
  • Достапни конектори: DICOM, AutoCAD, Google Drive, MS Office, Vtiger, Joomla, Wordpress, BonitaSoft, Kofax, Abby Flexicapture.

Ова софтверско решение е погодно за реализација на KMS на Train Traveller бидејки ги опфаќа сите процеси и услуги кои се потребни. Додатно, OpenKM е Open - Source програм кој може да се модифицира доколку тоа е потребно. Секој воз би се додавал како нов документ или по потреба како нов таск / задача. Секоја задача во OpenKM се додава на календарот на точно определн датум и по точно опредено време. Дополнителните информации за возот, како бројот на патници, вагони и тип на воз може да се додат во коментарот на задачата. Кој подоцна може да се обработу по потреба.

B. Sahana Foundation Disaster Management Software [4]

Претставува Open - Source софрвер наменет за менаџирање со катастрофи. Тој би можел да модифицира за да ги задоволува потребите на KMS за Train Travelller. Главната причина зошто овој софтвер не е подогоден е фактот дека тој не поддржува обработка / испрашување според одредени параметри на податоците кои ги содржи. Има опција само за пребарување на податоците. Дополнително, овој софтвер нема опција за внесување на временски акции, може да се специфира само нивниот датум и нивното време на извршување. Што претставува голем проблем бидејќи KMS за Train Traveller се однесува на возови за кои времето на поаѓање е нивна главна карактеристика.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.