Changes between Initial Version and Version 1 of zadaca2katerina


Ignore:
Timestamp:
06/10/18 01:53:29 (7 years ago)
Author:
Katerina Chichakovska
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • zadaca2katerina

    v1 v1  
     1   
     2== ** Студија на изведливост за информациски систем**
     3
     4На почеток, пред да се започне да се развива еден софтвер, потребно е да се направат некои анализи и да се ваиди дали со развојот на тој софтвер ќе имаме придонеси. Бидејќи информатичките системи се обемни, тие трошат голем дел од времето на развивачите и побаруваат премногу финансиски средства. Некои од проектите пропаѓаат после првите шест месеци, па затоа е потребно кога се избира проект, најпрво истиот да се испита, да се направат првичните анализи, наречени студии на изведливост, па доколку се добие позитивен исход (резултат), системот да почне да се развива. Според тоа може да заклучиме дека целта на студијата на изведливост е да се донесе одлука дали системот е оправдан и возможен, а и да се предложат можни решенија.
     5
     6Има четири типа на студија на изведливост, и истите ќе ги разгледаме и анализираме за нашиот информациски систем:
     7
     8-       Економска изводливост – колку ќе изнесува развојот на системот, и дали од истиот ќе имаме придонеси
     9
     10-       Техничка изводливост – дали ја имаме потребната технологија
     11
     12-       Операциска изводливост – опис на системот и негови можни решенија
     13
     14-       Временска изводливост – времето потребно за превземање на активностите за развој на проектот
     15
     16**Економска изводливост** 
     17
     18Во делот за економска изведливост ќе ја разгледаме анализата на трошоците и придонесот што ќе го донесе овој систем.
     19
     20''Придонес''
     21
     22Придонесот е од голема важност при одлучувањето дали еден систем ќе се развива. Постојат три вида на придонеси и тоа: монетарен, материјален и нематеријален.
     23
     24Најголем придонес од овој систем ќе биде подобрувањето на функционалноста на компанијата. Според тоа имаме материјален придонес, односно добиваме на време, продуктивност и функционалност.
     25
     26За нашиот информациски систем наменет за МЖТ може да кажеме дека од голема важност е доброто менаџирање и добрата организација внатре во компаијата. При воведувањето на овој информациски систем ќе се добијат многу придобивки меѓу кои како поважнии може да ги издвоиме следните:
     27
     28Подобрување на продуктивноста – со користење на овој детален информационен систем ќе се подобри продуктивноста на компанијата
     29
     30Добивање на време – Ќе се намали времето потребно за добивање на одредени информации
     31
     32Намалување на грешките – Ќе се намалат грешките и ќе се овозможат точни и релевантни податоци
     33
     34Информации во реално време – Исто така со овој информациски систем секогаш, во било кое време од денот ќе имаме пристап до точни податоци и информации
     35
     36Подобрување на комуникацијата – И комуникацијата би се подобрила со користењето на овој информациски систем
     37
     38''Анализа на исплаќање  ''
     39
     40Во овој дел ќе направиме анализа на исплаќање, со цел да утврдиме кога компанијата ќе си ја вратил инвестицијата и ќе има монетарен придонес:
     41
     42|| ||Година на развој   ||Прва година||Втора година||Трета година||
     43||Развој        ||100,000 €     ||              ||          ||              ||
     44||Одржување     ||0     ||10,000 €||11,000 €||12,000 €||
     45||Present value ||1||0.893 €||0.797 €   ||0.712 €||
     46||Адаптиран трошок по време||100,000 €  ||8930 €        ||8767 €        ||8544 €||
     47||Вкупен трошок ||100,000 € ||108,930 € ||117,697 €     ||126,241 €||
     48||Придонес      ||0||60,000 €   ||60,000 €      ||60,000 € ||
     49||Адаптиран придонес по време||0        ||53,580 €||47,820 €||42,720 €||
     50||Вкупен придонес       ||0     ||53,580 €||101,400 €||144,120 €||
     51||Исплаќање     ||-100,000 € ||-55,350 €||-16,297 €||17,879 €||
     52
     53
     54Според овааа табела веќе во третата година компанијата би имала придонес од неполни 18000 €.
     55
     56
     57
     58**Техничка изводливост**
     59
     60Техничкиот аспект на нашиот информациски систем опфаќа клиент – сервер архитектура. За работење на системот се потребни мрежа од компјутери, кои што ќе бидат обезбедени од самата компанија, поточно во нашиот случај од МЖТ. Компјутерите треба да бидат поврзани на Интернет, а за ефикасно и непречено работење потребна е стабилна интернет конекција со најмалку 1Mbit/s.
     61
     62Заради времето во кое живееме, претпоставуваме дека корисниците на системот нема да имаат никаков проблем со неговото користење.
     63
     64**Операциска изводливост**
     65
     66Целта на оваа изведливост е да се увиди дали системот ќе се вклопи во организацијата, дали ќе биде прифатен од корисниците и дали ќе ги реши бизнис процесите, т.е. дали ќе ги постигне посакуваните барања на корисникот.
     67
     68Ќе ги разгледаме и двете засегнати страни кои ќе го користат овој систем. Тоа се: вработените во МЖТ и патниците.
     69
     70''Патник:''
     71
     72Земајќи го во предвид фактот дека живееме во 21 век и дека во денешно време скоро сите работи се завршуваат електронски може да кажеме дека од страна на патниците не би требало да има некој голем проблем. Тие веќе се навикнати со користењето на електронските услуги кои што се повеќе се нудат на домашниот пазар. Се разбира има и такви кои на почетокот ќе бидат против, но со тек на време, кога ќе бидат подобро информирани и тие ќе го прифатат.
     73
     74''Вработен во МЖТ:''
     75
     76Кога би тргнеле од фактот дека во МЖТ никогаш немало ваков информациски систем со сигурност би можеле да кажеме дека на почеток би имале проблем со прифаќање на истиот. Тие на почеток би се плашеле да не бидат заменети со овој систем.  Но кога би им се објаснило на вработените и кога би им се одрзала добра обука за користење на системот и тие брзо и лесно ќе го прифатат и ќе бидат задоволни со негова имплементација.
     77
     78Според направената операциска анализа, може да кажеме дека нашиот систем е изводлив. Притоа треба да се посвети внимание како на патниците така и на вработените со цел побрзо и полесно прифаќање на истиот.
     79
     80**Временска изводливост**
     81
     82Временскиот аспект на студијата за изводливост ги опфаќа временските ограничувања за развој и имплементација на системот за компанијата која што ќе го користи. Временската анализа што подолу ќе биде направена за нашиот информационен систем е врз основа на активностите што ќе се превземаат во развојот на системот со RUP развојниот процес. Ги имаме следните активности:
     83
     84
     85
     86
     87''**I Активност:** 1 итерација од фазата на иницијализација''
     88
     89-  Времетраење: 3 недели
     90
     91-  Подактивности:
     92
     93     ->  Изработка на визијата на системот
     94
     95     ->  Изработка на прелиминарните кориснички барања
     96
     97
     98
     99''**II Активност:** 2 итерација од фазата на иницијализација''
     100
     101-  Времетраење: 3 недели
     102
     103-  Подактивности:
     104
     105     ->  Детализација на визијата на системот
     106
     107     ->  Детализирање на корисничките барања
     108
     109     ->  План за фазата на елаборација
     110
     111''**III Активност:** 1 итерација од фазата на елаборација''
     112
     113-  Времетраење: 4 недели
     114
     115-  Подактивности:
     116
     117      -> Прелиминарна архитектура
     118
     119      -> UML дијаграми
     120
     121      -> Use case модел
     122
     123''**IV Активност:** 2 итерација од фазата на елаборација''
     124
     125-  Времетраење: 4 недели
     126
     127-  Подактивности:
     128
     129      -> Анализа на use  cases
     130
     131      -> Операциска анализа
     132
     133      -> Прв архитектурен прототип
     134
     135''**V Активност:** 3 итерација од фазата на елаборација''
     136
     137-  Времетраење: 4 недели
     138
     139-  Подактивности:
     140
     141      -> Детализација на UML дијаграми
     142
     143      -> Втор архитектурен прототип
     144
     145''**VI Активност:** 4 итерација од фазата на елаборација''
     146
     147-  Времетраење: 4 недели
     148
     149-  Подактивности:
     150
     151      -> Детализација на UML дијаграми
     152
     153      -> Трет – конечен архитектурен прототип
     154
     155      -> План за фазата на конструкција
     156
     157''**VII Активност:** 1 итерација од фазата на конструкција''
     158
     159-  Времетраење: 10 недели
     160
     161-  Подактивности:
     162
     163     ->  Дизајн и имплементација на корисничките барања
     164
     165     ->  Интеграција на корисничките барања
     166
     167     ->  Извршување прв прототип
     168
     169''**VIII Активност:** 2 итерација од фазата на конструкција''
     170
     171-  Времетраење: 10 недели
     172
     173-  Подактивности:
     174
     175      -> Тестирање на корисничките барања и поправање грешки
     176
     177      -> Извршување втор прототип
     178
     179      -> Изработка на корисничка документација
     180
     181      -> План за фазата на транзиција
     182
     183''**IX Активност:** 1 итерација од фазата на транзиција''
     184
     185-  Времетраење: 6 недели
     186
     187-  Подактивности:
     188
     189       ->  Транзиција на системот во околината на компанијата
     190
     191       ->  Обука на корисниците
     192
     193
     194