wiki:zadaca3sdz

Version 1 (modified by Stefan Dzalev, 6 years ago) ( diff )

Задача 3 - Индивидуален проект, Стефан Ѕалев

3.Избор на методологија

Методологијата според која ќе се изработува CRM системот на TrainTraveller е XP (Extreme programming).[6] XPспаѓа во категоријата агилни методологии и вклучува:

  • Изработка на софтвер базирана на вредностите од комуникација, feedback, едноставност, храброст и почит.
  • Множество практики кои се докажани како корисни во подобрување на изработката на софтвер. Овие практики се комплементарни и избрани се како изрази на вредностите кажани претходно.
  • Множество современи принципи, техники за пренос на вредностите во пракса, корисни кога нема решение за даден проблем.
  • Заедница која ги негува овие вредности и голем број од практиките.

XP се карактеризира со:

  • Кратки циклуси на развој, што резултираат со ран, конкретен и постојан feedback
  • Инкрементален пристап на планирање, што брзо раѓа резултат – план кој се очекува да еволуира во текот на развојот на даден проект
  • Можноста флексибилно да се распоредува имплементацијата на функционалности како одговор на менување на бизнис потреби
  • Користење на автоматизирани тестови, напишани од програмери, клиенти и тестери за да се мониторира развојот, системот да еволуира и да се најдат багови рано
  • Дизајн процес кој трае исто толку долго колку што трае системот
  • Блиска соработка на индивидуи со просечен талент
  • Практики кои функционираат со short term инстинкти на членовите на тимот и long term интересите на проектот

Сметам дека оваа методологија е адекватна за развојот на CRM системот за TrainTraveller бидејќи очекувам голем број на предомислувања кај клиентот (МЖТ и вработените), дополнително тесната соработка со клиентот што е овозможена со оваа методологија сметам дека е добра бидејќи МЖТ моментално нема CRM систем, ова ќе им биде прв и немаат некаква појдовна точка што ќе води до предомислувања околу барањата. Потоа, XP овозможува брза достава на верзии од системот со проверен, тестиран код што ќе им помогне побрзо да разберат кои барања им се потребни од системот. Вработените би биле вклучени во самиот развој на системот што ќе придонесе здолемување на операционата изводливост, односно не би се намалило нивното потенцијално негативно гледање кон системот откако ќе се имплементира. За крај времето што е потребно за да се направи овој проект со XP со тим од 10 луѓе (XP предвидува мали тимови) се вклопува со економската изводливост на проектот.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.