wiki:WikiStart

TruckIO

Систем за резервација на транспорт

Предмет: Бази на податоци во 2022/2023/Зимски

Под менторство на вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. м-р Ненад Анчев

Започнат: Ноември 2022

Краток опис на проектот

Веб апликација која ги таргетира клиентите кои располагаат со големо количество на продукти за кои е потребен транспорт до одредена дестинација и компаниите кои го нудат тоа. Компаниите кои го користат системот нудат транспорт со сопствени возила и вработени. Целта е побарувачите на услугата да можат полесно да дојдат до можноста за резервација на возило и рута за транспорт, а воедно компаниите полесно да добијат нови клиенти и резервации.

Кога корисникот ќе се регистрира, може да наведе податоци за категоријата и количината на роба која сака да ја транспортира. Според селектираните рута и роба ќе се креира резервација за конкретната рута. По креирањето на резервацијата, администраторот креира фактура и го ажурира статусот на резервацијата.

Компаниите располагаат со вработени кои може да имаат улога на администратор, возач или диспечер. Администраторите менаџираат рутите кои ги нуди компанијата и издаваат фактури, возачите ги возат резервираните рути, а диспечерите ги управуваат рутите.

Членови на тимот

Име и презиме Индекс
Моника Тодорова - координатор 201082
Зорана Стерјоска 201075

Фази и координација

Фаза Име на фаза Статус
Ф0 Дефинирање на проектот Одобрено
Ф1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања Одобрено
Ф2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) Одобрено
Ф3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи Одобрено
Ф4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) Одобрено
Ф5 Прототип апликација - Основни функционалности Одобрено
Ф6 Нормализација и подобрувања на дизајнот Не е започнато
Ф7 Напреден апликативен развој Не е започнато
Last modified 17 months ago Last modified on 03/08/23 10:56:53

Attachments (2)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.