Version 2 (modified by 2 years ago) ( diff ) | ,
---|
TruckIO
Членови на тимот
- Моника Тодорова 201082
- Зорана Стерјоска 201075
Краток опис на проектот
Веб апликација која ги таргетира клиентите кои располагаат со големо количество на продукти за кои е потребен транспорт до одредена дестинација и компаниите кои го нудат тоа. Компаниите кои го користат системот нудат транспорт со сопствени возила и вработени. Целта е побарувачите на услугата да можат полесно да дојдат до можноста за резервација на возило и рута за транспорт, а воедно компаниите полесно да добијат нови клиенти и резервации.
За секој ненајавен корисник ќе се прикажуваат само компаниите кои го користат системот и нивните возила. Кога корисникот ќе се регистрира, може да наведе податоци за релацијата на транспортот и категоријата и количината на роба која сака да ја транспортира. Според внесените податоци ќе се креира резервација за конкретната рута. Со креирањето на резервацијата ќе се генерира и фактура.
Компаниите располагаат со вработени кои може да имаат улога на администратор, возач или диспечер. Администраторите менаџираат со вработени и возила и издаваат фактури, возачите ги возат резервираните рути, а диспечерите ги управуваат рутите.
Детален опис на проектот
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?