wiki:About

Version 8 (modified by 201082, 21 months ago) ( diff )

--

TruckIO

Членови на тимот

  • Моника Тодорова 201082
  • Зорана Стерјоска 201075

Краток опис на проектот

Веб апликација која ги таргетира клиентите кои располагаат со големо количество на продукти за кои е потребен транспорт до одредена дестинација и компаниите кои го нудат тоа. Компаниите кои го користат системот нудат транспорт со сопствени возила и вработени. Целта е побарувачите на услугата да можат полесно да дојдат до можноста за резервација на возило и рута за транспорт, а воедно компаниите полесно да добијат нови клиенти и резервации.

За секој ненајавен корисник ќе се прикажуваат само компаниите кои го користат системот и рутите кои ги нудат. Кога корисникот ќе се регистрира, може да наведе податоци за категоријата и количината на роба која сака да ја транспортира. Според селектираните рута и роба ќе се креира резервација за конкретната рута. Со креирањето на резервацијата ќе се генерира и фактура.

Компаниите располагаат со вработени кои може да имаат улога на администратор, возач или диспечер. Администраторите менаџираат рутите кои ги нуди компанијата и издаваат фактури, возачите ги возат резервираните рути, а диспечерите ги управуваат рутите.

Детален опис на проектот

Во денешно време на пазарот, диспечерството и транспортот се актуелни теми. Поради таа причина нашата апликација е наменета за клиенти, кои може да бидат поединци или фирми/компании, на кои им е потребно транспорт на продукти.

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Овој проект е наменет за компании кои нудат услуга на транспорт со сопствени возила и возачи и клиенти кои имаат таква побарувачка - овозможуваме на лесен начин да се креира и следи резервација. Базата на податоци и целокупната апликација ќе ја поседува, менаџира и управува оној кој ќе ја креира односно сопственикот и креаторот на оваа апликација.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

TruckIO е систем преку кој компании кои располагаат со возила, од тип комбе, камион и шлепер, ќе нудат услуга за транспорт на роба од одредена категорија. Ваквиот систем ќе го поедностави и автоматизира начинот на резервација за превоз на роба и комуникацијата помеѓу побарувач и компанија што доставува, кој до сега се води физички или преку телефон. Воедно и добивањето на фактура веднаш по извршувањето на услугата ќе биде брз и едноставен процес за двете страни.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

За секоја компанија која преку нашиот систем ќе нуди услуги, во базата на податоци покрај возилата со кои располага, се чуваат податоци за администратори, диспечери или возачи кои се вработени во компаниите. Секој од нив со своја улога. администраториите ги менаџираат рутите кои ги нуди компанијата, возачите ги возат резервираните рути, а диспечерите ги следат истите. За секоја компанија која го користи нашиот систем, се чува и лиценца за работа. Во поглед на клиентите, на нашата апликација клиент може да биде личност која има потреба од транспорт на роба. Ненајавен корисник може само да разгледува листа од компании кои го користат нашиот систем и рутите кои ги нудат. За да направи резервација потребно е да се најави. По најавата, апликацијата ќе го води клиентот чекор по чекор до успешна резервација. Со селектирањето на соодветната рута и избирање на роба која ќе се пренесува, се креира резервацијата, по што се генерира и фактура за наплата.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Единствено решение на проблем од оваа област, блиско до нашето е диспечерството, кое само врши мониторирање на рути. Нашата апликација е олеснителна околина која покрај тоа нуди и едноставност за наоѓање и резервирање на таков транспорт на роба.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.