Vendor Quality Evaluation and Management System
Краток опис на проектот:
VQEMS е B2B (Business-to-Business) платформа за рецензии и споредбено рангирање во индустријата на IT аутсорсинг. Базата на податоци чува: корисници од три типа (клиентски, агенциски и менаџмент), при што менаџмент корисниците имаат улоги со дозволи; клиентски компании (групирани по индустрија) и софтверски агенции; договори меѓу клиент и агенција и претплати на агенциите на платформата по нивоа, со ценовник или договорена цена; проекти под секој договор, со статус, буџет и користени технологии; рецензии на клиентите за проектите, со оценки од 1 до 5 по повеќе димензии (квалитет на код, комуникација, почитување на рокови, документација и други); спорови со кои агенцијата оспорува рецензија и кои ги решава менаџментот (рецензија со отворен спор не може да се објави); и ревизиска историја на секоја промена на буџетот и на статусот на проектот. Главната цел е да им овозможи на клиентите сигурен начин за евалуација на агенции врз основа на реални проектни искуства. Дополнително, платформата им обезбедува на агенциите увид во сопствените перформанси преку детални оценки и историски податоци, со цел подобрување на нивните услуги. Проектот е веб-апликација; апликациската логика (регистрација на корисници, договори и проекти, рецензии, спорови, претплати) е имплементирана во самата база (PostgreSQL 17) со процедури, функции и тригери.
Детален опис на проектот:
Оваа платформа претставува систем за складирање и обработка на податоци кој ги поврзува клиентските компании (кои бараат IT услуги) со софтверските агенции (кои нудат IT услуги). Податоците се организирани според индустриска категорија, што овозможува полесно пребарување и пронаоѓање на соодветни партнери.
Главниот елемент во системот е проектот, кој ги поврзува клиентот и агенцијата. За секој проект се чуваат информации како обемот на работа, времетраењето, почетниот буџет и сите негови промени низ времето, со што се овозможува следење на целата историја на проектот.
По завршување на проектите, клиентите оставаат рецензии за агенциите. Овие рецензии се поделени во десет категории, по една оценка за секоја:
- квалитет на код
- комуникација
- почитување на рокови
- документација
- општо задоволство
- ...
Ова овозможува подетална евалуација на перформансите.
Секој проект ги содржи и технологиите кои биле користени (на пример React, Python, AWS), што овозможува пребарување на агенции според реално искуство.
Платформата нуди различни нивоа на претплата за агенциите, како и можност за посебни договори. Дополнително, постои систем за спорови кој овозможува оспорување на рецензии пред нивно објавување.
Во продолжение се дадени одговори на потребните прашања:
Намена и сопственост: Системот е наменет да биде управуван од компанија како SaaS платформа. Таа е одговорна за одржување на базата, апликацијата и безбедноста, со цел обезбедување сигурна и транспарентна услуга.
Проблеми кои се решаваат:
- недостаток на доверба помеѓу клиенти и агенции
- тешкотија при избор на соодветна агенција
- недоволно детални рецензии
- немање увид во буџетски промени
- немање систем за спорови
- неефикасно пребарување според технологии
Типови на корисници:
- клиентски компании
- софтверски агенции
- технички/менаџмент персонал со специфични дозволи
Разлика од постоечки решенија:
- повеќедимензионално оценување наместо една оценка
- базирање на реални проекти и технологии
- следење на историја на буџет
- интегриран систем за спорови
Тип на апликација: Апликацијата е веб-базирана, со можност за проширување на мобилна верзија.
