Changes between Initial Version and Version 1 of AboutProject


Ignore:
Timestamp:
04/17/26 14:21:54 (2 weeks ago)
Author:
231075
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • AboutProject

    v1 v1  
     1# Vendor Quality Evaluation and Management System
     2
     3## VQEMS
     4
     5VQEMS е проект кој претставува B2B (Business-to-Business) платформа за рецензии и споредбено рангирање во индустријата на IT аутсорсинг. Главната цел на платформата е да им обезбеди на клиентските компании сигурен начин за евалуација на агенции за развој на софтвер и IT консултациски компании врз основа на нивните реални проектни искуства.
     6
     7Секундарната цел е да им обезбеди на давателите на услуги корисни податоци и увид во своите перформанси преку модел на претплата, овозможувајќи идентификација на недостатоци и слабости како основа за подобрување на своите услуги.
     8
     9---
     10
     11## Членови на тимот
     12
     13- Никола Маркоски (235013) 
     14- Шенол Фејзоски (231075)
     15
     16---
     17
     18## Опис на системот
     19
     20Оваа платформа претставува систем за складирање и обработка на податоци кој ги поврзува клиентските компании (кои бараат IT услуги) со софтверските агенции (кои нудат IT услуги). Податоците се организирани според индустриска категорија, што овозможува полесно пребарување и пронаоѓање на соодветни партнери.
     21
     22Главниот елемент во системот е проектот, кој ги поврзува клиентот и агенцијата. За секој проект се чуваат информации како обемот на работа, времетраењето, почетниот буџет и сите негови промени низ времето. Ова овозможува следење на целата историја на проектот, особено од финансиски аспект.
     23
     24По завршување на проектите, клиентите оставаат рецензии за агенциите. Овие рецензии не се само една оценка, туку се поделени во повеќе категории како:
     25
     26- квалитет на код 
     27- комуникација 
     28- почитување на рокови 
     29- општо задоволство 
     30
     31На овој начин се добива подетална и пореална слика за перформансите на агенцијата.
     32
     33Дополнително, секој проект ги содржи технологиите кои биле користени (на пример React, Python, AWS), што им овозможува на клиентите да пребаруваат агенции според реално искуство, а не само според информации што тие самите ги внесуваат.
     34
     35Платформата нуди и различни нивоа на претплата за агенциите, со можност за посебни договори за одредени клиенти. Исто така, постои систем за спорови кој им дозволува на агенциите да оспорат рецензии пред тие да бидат објавени, при што конечната одлука ја носи администратор или тим задолжен за тоа.
     36
     37---
     38
     39## Наменетост и сопственост
     40
     41Системот е наменет да биде управуван од компанија која нуди ваков тип на услуга (на пример SaaS платформа). Таа компанија ќе биде одговорна за одржување на базата, апликацијата, безбедноста и правилното функционирање на системот.
     42
     43Нејзината потреба е да обезбеди сигурна и транспарентна платформа за поврзување на клиенти и агенции.
     44
     45---
     46
     47## Проблеми кои се решаваат
     48
     49- недостаток на доверба помеѓу клиенти и агенции 
     50- тешкотија при избор на соодветна агенција 
     51- недоволно детални и често нереални рецензии 
     52- немање увид во промените на буџетот 
     53- немање систем за решавање на спорови 
     54- неефикасно пребарување на агенции според технологии 
     55
     56---
     57
     58## Типови на корисници
     59
     60- клиентски компании кои бараат услуги и оставаат рецензии 
     61- софтверски агенции кои нудат услуги и управуваат со својот профил 
     62- администратори кои го одржуваат системот и решаваат спорови 
     63- технички персонал кој се грижи за базата и инфраструктурата 
     64
     65---
     66
     67## Разлика од постоечки решенија
     68
     69Постојат слични платформи во светот, но ова решение се разликува по тоа што:
     70
     71- користи подетален систем на оценување наместо една оцена 
     72- се базира на реални проекти и технологии 
     73- има историја на буџетски промени 
     74- има вграден систем за спорови 
     75- е фокусиран на структура на податоци погодна за напредни бази 
     76
     77---
     78
     79## Тип на апликација
     80
     81Апликацијата е предвидена да биде веб апликација, со можност подоцна да се прошири и на мобилна верзија. Веб пристапот овозможува лесно користење, централизиран систем и подобра скалабилност.