| Version 7 (modified by , 13 days ago) ( diff ) |
|---|
Vendor Quality Evaluation and Management System
Членови на тим:
- Никола Маркоски (235013)
- Шенол Фејзоски (231075)
Краток опис на проектот:
VQEMS е B2B (Business-to-Business) платформа за рецензии и споредбено рангирање во индустријата на IT аутсорсинг. Системот складира податоци за клиентски компании и софтверски агенции, нивните проекти, користени технологии и рецензии по завршување на проектите. Главната цел е да им овозможи на клиентите сигурен начин за евалуација на агенции врз основа на реални проектни искуства. Дополнително, платформата им обезбедува на агенциите увид во сопствените перформанси преку детални оценки и историски податоци, со цел подобрување на нивните услуги.
Детален опис на проектот:
Оваа платформа претставува систем за складирање и обработка на податоци кој ги поврзува клиентските компании (кои бараат IT услуги) со софтверските агенции (кои нудат IT услуги). Податоците се организирани според индустриска категорија, што овозможува полесно пребарување и пронаоѓање на соодветни партнери.
Главниот елемент во системот е проектот, кој ги поврзува клиентот и агенцијата. За секој проект се чуваат информации како обемот на работа, времетраењето, почетниот буџет и сите негови промени низ времето, со што се овозможува следење на целата историја на проектот.
По завршување на проектите, клиентите оставаат рецензии за агенциите. Овие рецензии се поделени во повеќе категории:
- квалитет на код
- комуникација
- почитување на рокови
- општо задоволство
Ова овозможува подетална евалуација на перформансите.
Секој проект ги содржи и технологиите кои биле користени (на пример React, Python, AWS), што овозможува пребарување на агенции според реално искуство.
Платформата нуди различни нивоа на претплата за агенциите, како и можност за посебни договори. Дополнително, постои систем за спорови кој овозможува оспорување на рецензии пред нивно објавување.
Во продолжение се дадени одговори на потребните прашања:
Наменеа и сопственост: Системот е наменет да биде управуван од компанија како SaaS платформа. Истата е одговорна за одржување на базата, апликацијата и безбедноста, со цел обезбедување сигурна и транспарентна услуга.
Проблеми кои се решаваат:
- недостаток на доверба помеѓу клиенти и агенции
- тешкотија при избор на соодветна агенција
- недоволно детални рецензии
- немање увид во буџетски промени
- немање систем за спорови
- неефикасно пребарување според технологии
Типови на корисници:
- клиентски компании
- софтверски агенции
- технички/менаџмент персонал со специфични дозволи
Разлика од постоечки решенија:
- повеќедимензионално оценување наместо една оцена
- базирање на реални проекти и технологии
- следење на историја на буџет
- интегриран систем за спорови
Тип на апликација: Апликацијата е веб базирана, со можност за проширување на мобилна верзија.
