| 31 | Апликацијата ќе има пет типа на корисници. Првиот тип корисни е корисник со superadmin привилегии и тој корисник ќе биде наменет за да ги менаџира ветeринарните центри. Вториот тип на корисник ќе биде корисник кој што ќе има улога за да го менаџира сопствениот ветеринарен центар. Ваквиот тип на корисник ќе има можност да додава вработени во самата институција (Ветеринарен центар) со тоа што доаѓаме до третиот тип на корисник, а тоа се вработени (пример доктор) за еден ветеринарен центар. Четвртиот тип на корисник се генерално корисници на апликација кои што имаат можност да закажат преглед или некоја дополнителна функционалност која што ќе ја нуди самата апликација. Петтиот тип на корисник претставува неавторизиран корисник што сака да дознае основни информации за одреден ветеринарен центар. За овој тип на корисници не е потребна најава ниту креирање профил на самата платформа. Доколку истиот корисник сака дополнителни функционалности како од типот додавање на сопствено милениче, закажување на термин и слично, потребно е да креира профил односно да се регистрира. |