| 29 | Со нашата апликација ќе овозможиме сопственикот на миленичето да може да ја следи неговата состојба откако ќе го однесе неговото милениче во ветринарен центар (Пример: примен, е на чекање, е на операција, закрепнува и сл). Со тоа што сопственикот ќе ја следи неговата состојба не би се јавувал постојано на телефон да се информира за миленичето. Со нашата апликација вработените во еден ветринарен центар би имале увид на претходните дијагнози кои што му биле поставени на едно милениче како и кој доктор ги поставил тие дијагнози. Со тоа ќе овозможиме секој доктор да одговара за своите постапки. На нашата страна ќе бидат објавувани донесените миленичиња без сопственик а со тоа ќе помогнеме некој доколку си има изгубено миленик да си го пронајде или доколку некој сака да вдоми миленик тоа да го направи. Доколку некој корисник би сакал да добие совет од најразлична тематика тоа би можело да го направи на нашиот блог за консултации. Производите кои што ќе бидат објавувани за продажба на нашата страница ќе содржат детален опис. Со тоа корисниците полесно би се одлучиле каква храна да одберат, каков суплимент и сл. |