wiki:About

vintageLibrary

Членови на тимот

  • Леона Наумоска – 183022 (координатор)
  • Сања Петрушевска – 183175
  • Јована Митровиќ – 193047

Краток опис на проектот

Дигитална библиотека која ќе претставува веб апликација, каде корисниците ќе може да се зачленуваат исто како во класичните библиотеки, ќе може да изнајмуваат книги за да ги читаат онлајн, ќе може да земат книга од најблиската библиотека преку претходно најавување дека ќе одат во библиотеката, и дополнително преку дигиталната библиотека ќе може да видат дали некоја книга е моментално достапна за да отидат и да ја земат. На овој начин корисниците ќе можат полесно да си го планираат времето, а и на некој начин ќе се направи ред и ќе се намалат гужвите.

За секој корисник кој ќе се регистрира ќе се чуваат следниве податоци: Id, име, презиме, датум на раѓање, место на живеење, е-маил, лозинка. Додека пак за библиотеката ќе се чуваат: Id, името, градот во кој се наоѓа, бројот на книги што ги поседува, број на жанрови, типови на жанрови, број на книги од секој жанр, број на изданија од една книга, број на изданија од еден писател, имиња на книги, имиња на писатели, временски период на позајмување на една книга, датум кога некој ја позајмува и предвиден датум кога треба да се врати истата, број на пати за симнувања на книгата, цена за изнајмување на една книга, цена за задоцнето враќање на книгата, цена за месечна чланарина, и цена за годишна чланарина. Корисниците ќе може да вршат пребарување по име на книга, по име на писател и по тип на жанр.

Детален опис на проектот

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Овој систем е наменет за секаков тип на корисници од секоја возраст, односно со други зборови наменет е за сите оние кои сакаат да позајмат книга од библиотека и сакаат да резервираат место за учење или читање во просториите на библиотеката.
Одговорен за базата на податоци ќе биде државната институција МОН, бидејќи се работи за библиотека и нејзините електронски услуги. За базата ќе бидат одговорни неколку администратори, кои ќе даваат поддршка, ќе ја одржуваат базата и ќе прават измени по потреба.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Со помош на овој систем ќе се овозможи намалување на гужвите во библиотеките, ќе се овозможи членовите на библиотеката да знаат да го планираат времето за тоа кога да отидат во библиотека и да планираат кога одредена книга е слободна за изнајмување, и уште поважно работата на вработените во библиотеката би добила некој континуитет, односно вработените на некој начин секој ден би имале ист обем на работа.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата ќе ги има следниве типови на корисници:

-- Администратор: корисник кој ќе ја одржува базата
-- Вработен: корисник кој ќе може да гледа кои книги се достапни, историја на изнајмени книги од еден корисник и временски период кој ги држел книгите. Исто така ќе може да ги следи резервациите кои ќе ги прават обичните корисници, ќе може да ги внесува новите членови и ажурира старите кои го продолжуваат членството, а со тоа ќе праќа тикет до администраторот за тој да може да направи промени во базата.
-- Член: корисник кој ќе биде зачленет во библиотеката, и ќе може да прави резервации за одење во библиотека, резервација за изнајмување на одредена книга, плаќање за изнајмување, плаќање за членство.


  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект.

Во нашава земја постојат слични проекти како нашата, како на пример е-библиотека и Библиотека Браќа Миладиновци – Скопје. Разликата меѓу овие два проекти со нашиот проект е тоа што нашиот проект нуди функционалности како правење на резервации за одење во библиотека и изнајмување на одредена книга, потоа нуди функционалност за електронско зачленување во библиотека, како и функционалност за електронско наплатување за изнајмувањето или зачленувањето.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација.

Last modified 2 years ago Last modified on 01/26/22 23:45:04
Note: See TracWiki for help on using the wiki.