Version 25 (modified by 2 years ago) ( diff ) | ,
---|
vintageLibrary
Веб апликација која нуди е-услуги за библиотеките низ Македонија
Предмет: Бази на податоци во 2021/2022/Зимски
Под менторство на: вонр. Проф. Д-р Вангел Ајановски и демонстратор м-р Ненад Анчев
Краток опис на проектот
Дигитална библиотека која ќе претставува веб апликација, каде корисниците ќе може да се зачленуваат исто како во класичните библиотеки, ќе може да изнајмуваат книги за да ги читаат онлајн, ќе може да земат книга од најблиската библиотека преку претходно најавување дека ќе одат во библиотеката, и дополнително преку дигиталната библиотека ќе може да видат дали некоја книга е моментално достапна за да отидат и да ја земат. На овој начин корисниците ќе можат полесно да си го планираат времето, а и на некој начин ќе се направи ред и ќе се намалат гужвите.
За секој корисник кој ќе се регистрира ќе се чуваат следниве податоци: Id, име, презиме, датум на раѓање, место на живеење, е-маил, лозинка. Додека пак за библиотеката ќе се чуваат: Id, името, градот во кој се наоѓа, бројот на книги што ги поседува, број на жанрови, типови на жанрови, број на книги од секој жанр, број на изданија од една книга, број на изданија од еден писател, имиња на книги, имиња на писатели, временски период на позајмување на една книга, датум кога некој ја позајмува и предвиден датум кога треба да се врати истата, број на пати за симнувања на книгата, цена за изнајмување на една книга, цена за задоцнето враќање на книгата, цена за месечна чланарина, и цена за годишна чланарина. Корисниците ќе може да вршат пребарување по име на книга, по име на писател и по тип на жанр.
Членови на тимот
Име и презиме | Индекс | |
---|---|---|
1. | Леона Наумоска - координатор | 183022 |
2. | Сања Петрушевска | 183175 |
3. | Јована Митровиќ | 193047 |
Содржина
Фаза | Име на фаза | Статус |
---|---|---|
Ф0 | Дефинирање на проектот | Одобрено |
Ф1 | Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања | Одобрено |
Ф2 | Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) | Одобрено |
Ф3 | Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи | Одобрено |
Ф4 | Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) | Одобрено |
Ф5 | Прототип апликација - Основни функционалности | Одобрено |
Ф6 | Нормализација и подобрувања на дизајнот | Не е започнато |
Ф7 | Напреден апликативен развој | Не е започнато |
Attachments (1)
- logo.png (6.1 KB ) - added by 3 years ago.
Download all attachments as: .zip