wiki:AboutProject

About Project: Warehouse Inventory Management System

Членови

  • Мартина Ивановска 231014
  • Андреј Арсовски 231170
  • Мила Спасевска 231046

Краток опис

Проектот „Warehouse Inventory Management System“ претставува софтверско решение чија главна цел е да овозможи ефикасно, прецизно и организирано управување со сите производи и процеси поврзани со складирањето на продукти во магацин како и одржување на историја на трансакции на трансфери од и надвор од самите магацини. Предложениот систем ќе овозможи целосно управување и менаџирање со производи во магацинот, преку евидентирање на новопристигната роба, како и следење на веќе потрошените производи. Секој продукт ќе биде зачуван во системот со детални информации како што се име на производот, категорија, производител и добавувач. Дополнително, системот ќе овозможи организирано складирање на производите. Складирањето ќе биде хиерархиски вгнездено, така што деталната информација за тоа каде и во кој магацин е сместен продуктот ќе се чува преку магацин, секција, локација и корпа. Ќе има имплементирано можност за преместување на производи од едена во друга корпа во рамки на истиот но и други магацини како и извоз и увоз од надворешни ентитети. Проектот има за цел да обезбеди сигурен, прегледен и функционален начин за управување со магацинските процеси, што ќе придонесе за подобро планирање, организација и оптимизација на работата во компанијата.

Детален опис на проектот

1. За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

  • Базата на податоци и апликацијата се наменети за фирма, организација или институција што има сопствен магацин и секојдневно управува со залихи, прием, испорака и складирање на производи.
  • Според замислата, сопственик и администратор на системот би била самата организација, односно нејзиниот ИТ сектор, магацински менаџмент или овластен администратор.
  • Не е замислено да биде за поединец, туку за деловен систем со повеќе вработени и улоги.
  • Нивната потреба е да имаат централизирана евиденција на производи, залихи, движења, магацински локации и одговорни лица, со цел помала грешка и поголема контрола.

2. Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

  • Овој систем ќе решава неколку клучни проблеми:
    • рачно водење евиденција на залихи, што често доведува до грешки
    • непостојана или нејасна информација каде точно се наоѓа производот во магацинот
    • тешко следење на прием, преместување и издавање на роба
    • недоволна прегледност на количини, резервирани количини и статус на залихите
    • немање информација за тоа кој вработен извршил одредена акција
    • потешкотии при организирање на магацинскиот простор и наоѓање производи.
  • Со ова решение се добива брз, прецизен и организиран увид во целиот магацински процес.

3. Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

  • Пристап ќе имаат повеќе типови корисници во зависност од улогата и дозволите кои ги имаат во рамки на системот:
    • Администратор – управува со системот, корисници, улоги и дозволи;
    • Магацински менаџер / супервизор – следи залихи, одобрува движења и организира работа;
    • Магацински работник – внесува прием, преместување, пакување и издавање на производи;
    • Служба за набавка – следи пристигната роба и добавувачи;
    • Служба за испорака / логистика – работи со трансакции;

4. Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

  • Да, во светот постојат многу готови warehouse management systems, но овој предлог се разликува по тоа што е фокусиран на конкретна, детална структура на складирање и следење.
  • Главните разлики се:
    • хиерархиско чување на локации: warehouse → section → location → bin
    • можност за детално следење на варијанти на производи, брендови, категории и атрибути
    • евиденција на трансакции
    • подобра контрола на резервирани и достапни количини.

5. Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

  • Според структурата на проектот се работи за веб апликација со backend и база на податоци, бидејќи таквата форма најлесно поддржува повеќе корисници, улоги и централизирано управување.
Last modified 12 days ago Last modified on 04/20/26 10:46:19
Note: See TracWiki for help on using the wiki.