wiki:AboutProject

Version 2 (modified by 231014, 12 days ago) ( diff )

--

About Project: Warehouse Inventory Management System

Team members:

Мартина Ивановска 231014
Андреј Арсовски 231170
Мила Спасевска 231046

Краток опис:

Проектот „Warehouse Inventory Management System“ претставува софтверско решение чија главна цел е да овозможи ефикасно, прецизно и организирано управување со сите производи и процеси поврзани со складирањето на продукти во магацин како и одржување на историја на трансакции на трансфери од и надвор од самите магацини. Предложениот систем ќе овозможи целосно управување и менаџирање со производи во магацинот, преку евидентирање на новопристигната роба, како и следење на веќе потрошените производи. Секој продукт ќе биде зачуван во системот со детални информации како што се име на производот, категорија, производител и добавувач. Дополнително, системот ќе овозможи организирано складирање на производите. Складирањето ќе биде хиерархиски вгнездено, така што деталната информација за тоа каде и во кој магацин е сместен продуктот ќе се чува преку магацин, секција, локација и корпа. Ќе има имплементирано можност за преместување на производи од едена во друга корпа во рамки на истиот но и други магацини како и извоз и увоз од надворешни ентитети. Проектот има за цел да обезбеди сигурен, прегледен и функционален начин за управување со магацинските процеси, што ќе придонесе за подобро планирање, организација и оптимизација на работата во компанијата.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.