BiblioPremium – Систем за персонализирани препораки и онлајн продажба на книги
Краток опис на проектот
BiblioPremium е веб-апликација за паметни препораки и онлајн продажба на книги. Базата на податоци ќе содржи информации за книги, автори, категории, расположенија и потреби за читање, корисници, купувања, плаќања и историја на трансакции. Корисниците ќе можат да пребаруваат, избираат и купуваат книги според нивните интереси и моментални потреби.Покрај класично пребарување според автор или жанр, BiblioPremium ќе овозможува дополнително пребарување и препораки според категории, како личен развој и психологија, како и според расположенија и потреби за читање, како мотивација, релаксација, инспирација и фокус. Една книга ќе може да биде поврзана со едно или повеќе расположенија или потреби, со што ќе се овозможи попрецизно филтрирање и персонализирано корисничко искуство. Регистрираните корисници ќе имаат сопствен профил, можност за онлајн купување и лична библиотека со претходно купени книги. Администраторите ќе можат да додаваат и уредуваат книги, да управуваат со категориите и расположенијата и да имаат увид во реализираните купувања и плаќања. Целта е да се олесни процесот на пронаоѓање, избор и купување книги преку организирана база на податоци и персонализирани препораки.
Членови на тимот
- Валерија Андријеска - 223306
Предмет: Бази на податоци 2025/2026 Зимски
Ментор: проф. д-р Вангел Ајановски
Документација
| Фаза | Име на фаза | Статус |
| P0 | Дефинирање на проектот | ОДОБРЕНО |
| P1 | Концептуален модел - ЕР дијаграм | ОДОБРЕНО |
| P2 | Логички и физички дизајн - Креирање база на податоци (DDL) | ОДОБРЕНО |
| P3 | Апликациски сценарија за пристап до базата (SQL) | ОДОБРЕНО |
| P4 | Прв прототип на апликацијата | Започнато |
| P5 | Нормализација | Започнато |
| P6 | Комплексни извештаи од базата (SQL, складирани процедури и релациона алгебра) | Започнато |
| P7 | Напреден развој на базата на податоци | Започнато |
| P8 | Напреден развој на апликацијата | Започнато |
| P9 | Други теми - перформанси, безбедност и друго | Започнато |
Attachments (3)
- logo.png (6.1 KB ) - added by 4 months ago.
- ERModel_v03.xml (43.5 KB ) - added by 2 weeks ago.
- logo.2.png (212.8 KB ) - added by 5 days ago.
Download all attachments as: .zip

